Ако во изминатите години државата се соочуваше со недостиг од лебно зрно, па мораше да го увезува, годинава ќе се соочи со наплив. Рекордни приноси се очекува да дадат житните полиња за време на жетвата која започнува за петнаесетина дена. Прогнозите се најоптимистички дека во Македонија ќе се соберат 300.000 тони пченица, што е рекорд во последните десет години. Во најголемата житница во земјава - Пелагонија, житото роди по 5.000 тони од хектар, што е назапаметено откако во овој регион се одгледува оваа житна култура. Но, ваквите состојби можат да предизвикаат и притисок на пазарот, па да ја намалат и откупната цена.
Ако во изминатите години државата се соочуваше со недостиг од лебно зрно, па мораше да го увезува, годинава ќе се соочи со наплив. Рекордни приноси се очекува да дадат житните полиња за време на жетвата која започнува за петнаесетина дена.
Прогнозите се најоптимистички дека во Македонија ќе се соберат 300.000 тони пченица, што е рекорд во последните десет години. Во најголемата житница во земјава - Пелагонија, житото роди по 5.000 тони од хектар, што е назапаметено откако во овој регион се одгледува оваа житна култура.
Но, ваквите состојби можат да предизвикаат и притисок на пазарот, па да ја намалат и откупната цена.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, вчера се сретна со поголем број произведувачи на лебно зрно во Пелагонија. Тој им предложи три мерки со кои ќе се намали притисокот на пазарот од напливот на пченица: субвенционирано складирање во рок од шест месеци, интервентен откуп и откуп за државни резерви.
„Веќе направивме истражување на капацитетите за сместување. Имаме слободно место за 80.000 тони пченица за еден месец, по цена во просек од околу 60 денари по тон. Ние 80 проценти од оваа цена ќе ја субвенционираме преку Програмата за рурален развој. Складирањето ќе го субвенционираме шест месеци, а кога ќе помине жетвата и цената ќе почне да се покачува, земјоделците ќе можат да си ја продадат пченицата“, рече Цветков.
Втората мерка е државата да откупи 30.000 тони исклучиво македонска пченица за државни резерви, со што дополнително ќе се намали притисокот на пазарот.
Третата мерка, пак, ќе се спроведе ако откупната цена биде пониска од производната, па за државни резерви ќе бидат откупени од 10.000 до 50.000 тони пченица. Оние мерки кои ќе ги прифатат земјоделците во вторник ќе бидат разгледани на седница на Влада.
„Оваа година во Македонија се очекува рекорден принос на пченица, од засеаните 80.000 хектари да се добијат 300.000 тони пченица. Тоа ќе биде доволно за откупувачките капацитети или мелниците кои преработуваат 270.000 тони пченица. Досега увезуваме околу 120.000 тони годишно од Србија, додека останатото беше од македонско производство“, рече министерот.
Земјоделците, пак, изјавија дека житото нема да го продаваат по цена пониска од 11 денари.
„Со овие цени што сега ги најавува мелничарската индустрија ние ќе работиме како воловите за сламата. Очекуваме битката со мелничарите да започне в понеделник и се надеваме дека со нив ќе најдеме начин да се надмине овој проблем. И еднаш засекогаш мелничарите да не мора да увезуваат жито од Србија, туку да ја земат целата наша пченица“, рече Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци.
Земјоделците побараа од државата граничните премини кон Албанија цело лето да работат нонстоп, зашто големи количини од домашното жито се извезува кај западниот сосед.