Најголемиот дел од компаниите деновиве ги објавија финансиските резултати за работењето во деветте месеци од годинава. Од нив се гледа дека оние што и досега работеа добро продолжуваат со исто темпо. Добивки прикажаа „Европа“, „Тетекс“, „Благој Ѓорев“, „Витаминка“... „Тетекс“ за периодот јануари-септември 2015 година ги зголеми оперативните приходи од 3 отсто, на 199 милиони денари и истовремено ги намали расходите за 45 отсто, на 198,8 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза. Добивката на велешки „Благој Ѓорев“ во првите девет месеци беше 3,5 милиони денари, додека во истиот период лани имаше загуба од 7,3 милиони денари. „Витаминка“ - Прилеп за периодот јануари-септември 2015 година оствари позитивен финансиски резултат. Вкупните приходи беа 1,24 милијарди денари и во споредба со лани бележат пораст за 4 отсто, велат од компанијата.
Најголемиот дел од компаниите деновиве ги објавија финансиските резултати за работењето во деветте месеци од годинава. Од нив се гледа дека оние што и досега работеа добро продолжуваат со исто темпо. Добивки прикажаа „Европа“, „Тетекс“, „Благој Ѓорев“, „Витаминка“...
„Тетекс“ за периодот јануари-септември 2015 година ги зголеми оперативните приходи од 3 отсто, на 199 милиони денари и истовремено ги намали расходите за 45 отсто, на 198,8 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Добивката на велешки „Благој Ѓорев“ во првите девет месеци беше 3,5 милиони денари, додека во истиот период лани имаше загуба од 7,3 милиони денари. „Витаминка“ - Прилеп за периодот јануари-септември 2015 година оствари позитивен финансиски резултат. Вкупните приходи беа 1,24 милијарди денари и во споредба со лани бележат пораст за 4 отсто, велат од компанијата.
Задоволни се и во „Европа“ - Скопје каде што во првите девет месеци годинава има раст на приходите и на добивката, која пред оданочување изнесува 27 милиони денари, или е повисока за 71 отсто повеќе од истиот период лани. Добивката по оданочување изнесува 24,7 милиони денари и е поголема за 71 отсто од претходната година.
Изминатата недела на Македонската берза и покрај резултатите на компаниите индексите паѓаа, но прометот беше солиден и достигна околу 581.082 евра.
Од акциите што се тргуваат на официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на „Алкалоид“ Скопје со промет од 7,6 милиони денари.