Во прекин железничкиот сообраќај со Грција

Bez autora
Nov 09 2017

Tоварниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 9 часот утринава, информираат од МВР. Грчките цариници изутринава започнаа штрајк на граничниот премин Меџитлија. Штрајкот започнал во 5 часот и ќе трае до утре изутрина. За време на штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци, а сообраќајот за моторни возила ќе биде во прекин. На граничниот премин Богородица штрајкот започнал во 5 и ќе трае до 23 часот. Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, а повремено ќе се пропуштаат патнички моторни возила и пешаци. На граничниот премин Стар Дојран штрајкот започнал во 5 и ќе трае до 23 часот.

Во прекин железничкиот сообраќај со ГрцијаTоварниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 9 часот утринава, информираат од МВР.

Грчките цариници изутринава започнаа штрајк на граничниот премин Меџитлија (граничен премин Ники). Штрајкот започнал во 5 часот и ќе трае до утре изутрина. За време на штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци, а сообраќајот за моторни возила ќе биде во прекин.

На граничниот премин Богородица (граничен премин Евзони) штрајкот започнал во 5 и ќе трае до 23 часот. Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, а повремено ќе се пропуштаат патнички моторни возила и пешаци.

На граничниот премин Стар Дојран (граничен премин Дојрани) штрајкот започнал во 5 и ќе трае до 23 часот. Во наведениот временски период ќе бидат пропуштани само пешаци, а патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правца.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik