Во првиот квартал од годинава вредноста на вкупната размена на стоки со странство изнесува 2,8 милијарди долари. Извозот е пресметан на 1,2 милијарди долари, објави денес Државниот завод за статистика, и тој е за 10,7 отсто поголем од истиот период минатата година. Трговскиот дефицит изнесува 452 милиони долари, а вкупниот обем на размената на лон производите е пресметана на 419 милиони долари. Како и во претходните месеци, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Во првиот квартал од годинава вредноста на вкупната размена на стоки со странство изнесува 2,8 милијарди долари. Извозот е пресметан на 1,2 милијарди долари, објави денес Државниот завод за статистика, и тој е за 10,7 отсто поголем од истиот период минатата година. Трговскиот дефицит изнесува 452 милиони долари, а вкупниот обем на размената на лон производите е пресметана на 419 милиони долари.
Како и во претходните месеци, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Во увозот, пак, во периодот јануари - март оваа година, најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
И последните статистички податоци покажуваат дека странските компании остануваат главни креатори на извозот, односно дека и во извозот и во увозот доминираат суровини и готови производи за потребите на странските фабрики кои работат во индустриските зони. Поконкретно, во увозот доминираат машини и транспортни уреди во вредност од 355 милиони долари, додека вредноста на нивниот увоз во првото тримесечје изнесувал 357 милиони долари.
Надлежните неодамна посочија дека речиси една третина од вкупниот извоз од земјава се реализира во технолошките зони. На пример, во 2015 година од овие индустриск зони биле испорачани производи во вредност од 1,5 милијарди евра, што претставуваше раст од 26 отсто, во однос на 2014 година. Во првите шест месеци од минатата година, пак, извозот од ТИРЗ-те надмина 715 милиони евра.