Во првиот месец од годинава 18,7 отсто повеќе патници на македонските аеродроми

Bez autora
Feb 20 2018

Бројот на превезени патници на двата аеродрома во Република Македонија во континуитет бележи раст, информираат од Министерството за транспорт и врски. Според објавените податоци, в јануари 2018 година од двата аеродроми превезени се вкупно 151.381 патник, што претставува зголемување од 18,7% споредено со јануари 2017 година. На скопскиот аеродром во јануари годинава регистрирани се вкупно 145.592 патници, што во споредба со истиот месец лани, кога биле превезени 123.118 патници, е зголемување од 18,3%. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид бројот на превезени патници за јануари е зголемен за 30,8% во однос на бројот на патници во истиот период лани.

Во првиот месец од годинава 18,7 отсто повеќе патници на македонските аеродромиБројот на превезени патници на двата аеродрома во Република Македонија во континуитет бележи раст, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Според објавените податоци, в јануари 2018 година од двата аеродроми превезени се вкупно 151.381 патник, што претставува зголемување од 18,7% споредено со јануари 2017 година.

На скопскиот аеродром во  јануари годинава регистрирани се вкупно 145.592 патници, што во споредба со истиот месец лани, кога биле превезени 123.118 патници, е зголемување од 18,3%.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид бројот на превезени патници за  јануари е зголемен за 30,8% во однос на бројот на патници во истиот период лани.

Вo соопштението на Министерството за транспорт и врски стои дека и натаму посветено работат кон создавање широка мрежа дестинации достапни за граѓаните на Република Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik