Во рудникот „Иловица“ ќе се вработат 600 рудари

Bez autora
Jul 03 2016

Со најавената нова инвестиција во рудникот за бакар и злато „Иловица“ од меѓународниот конзорциум „Евромакс“, Владата очекува отворање нови работни места и намалување на невработеноста, рече премиерот на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи му на Никола Мицевски од ВМРО-­ДПМНЕ. Се работи за исклучително квалитетен инвеститор кој во изминатиов период многу вложи во делот на истрагите на реонот во општина Босилово. Резултатите од истрагите покажуваат дека таму има исплатливост да се инвестира во нов рудник за злато и бакар. Од неодамна е донесена одлука за отворање на овој рудник, кој претставува една од најголемите инвестиции во Југоисточна Европа во оваа дејност. Ќе се вложат 500 милиони евра за подготовка и старт на новиот рудник.

Во рудникот „Иловица“ ќе се вработат 600 рудариСо најавената нова инвестиција во рудникот за бакар и злато „Иловица“ од меѓународниот конзорциум „Евромакс“, Владата очекува  отворање нови работни места и намалување на невработеноста, рече премиерот Емил Димитриев, на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи му на Никола Мицевски од ВМРО-­ДПМНЕ.

„Се работи за исклучително квалитетен инвеститор кој во изминатиов период многу вложи во делот на истрагите на реонот во општина Босилово. Резултатите од истрагите покажуваат дека таму има исплатливост да се инвестира во нов рудник за злато и бакар. Од неодамна е донесена одлука за отворање на овој рудник, кој претставува една од најголемите инвестиции во Југоисточна Европа во оваа дејност. Ќе се вложат 500 милиони евра за подготовка и старт на новиот рудник“, рече Димитриев.

Според неговите информации, во септември или во октомври конзорциумот ќе почне со градежни и подготвителни активности за почеток на работа, а потоа со етапно ангажирање нови работници кои би работеле во рудникот.

Се очекува во рудникот да се вработат 600 лица за подолг период, а ќе се ангажираат околу 1.000 работници во делот на градежништво. Димитриев рече дека очекува наши домашни компании да работат на градбата и на подготвителните активности за отворање на овој голем капацитет.

„Од страна на инвеститорот се планирани посебни обуки за вработените, ќе се спроведуваат максимални и професионални стандарди во делот на работењето од сите аспекти, како безбедност при работа и екологија“, рече Димитриев.

Тој е задоволен од одлуката на инвеститорот да влезе во Македонија со инвестиција зад која стојат Европската банка за обнова и развој и Германскиот гарантен фонд.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik