Во септември странските инвестиции отидоа во минус

Bez autora
Dec 01 2016

За еден месец дојде до значителен пресврт во салдото на странските директни инвестиции, СДИ. Во септември годинава, наместо прилив, имало одлив на инвестиции од минус 22,6 милиони евра, објави вчера Народна банка на Македонија, НБМ. Тоа е двојно повеќе од истиот месец лани. А, одлив на СДИ, исто така, имаше и во јуни годинава, кога салдото изнесуваше минус 7,7 милиони евра. Податоците за СДИ за септември многу се разликуваат во споредба со еден месец претходно, односно кога во август беше регистриран влез на СДИ од 52,7 милиони евра, највисок месечен износ на инвестиции од почетокот на годинава. Инаку, вкупно во деветте месеци од годинава во земјава се влезени 199 милиони евра, што е повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога тие изнесуваа 154,3 милиони евра.

Во септември странските инвестиции отидоа во минусЗа еден месец дојде до значителен пресврт во салдото на странските директни инвестиции, СДИ. Во септември годинава, наместо прилив, имало одлив на инвестиции од минус 22,6 милиони евра, објави вчера Народна банка на Македонија, НБМ. Тоа е двојно повеќе од истиот месец лани. А, одлив на СДИ, исто така, имаше и во јуни годинава, кога салдото изнесуваше минус 7,7 милиони евра.

Податоците за СДИ за септември многу се разликуваат во споредба со еден месец претходно, односно кога во август беше регистриран влез на СДИ од 52,7 милиони евра, највисок месечен износ на инвестиции од почетокот на годинава.

Инаку, вкупно во деветте месеци од годинава во земјава се влезени 199 милиони евра, што е повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога тие изнесуваа 154,3 милиони евра.

При тоа, најмногу инвестиции за девет месеци дошле од Турција и од Германија, по околу 23 милиони евра, додека негативното салдо на инвестиции е најголемо со Бермуди, каде што се одлеале 8,5 милиони евра. По дејности, пак, најмногу пари од земјава кон матичните земји, или околу 22 милиона евра, се одлеале од индустријата за прехранбено производство, пијалаци и тутун.

Гледано по месеци, август беше убедливо најдобриот месец во оваа година, со 52,7 милиони евра СДИ, од кои најголем дел беше акционерски капитал и реинвестирана добивка. Во јануари, пак, странските компании во земјава вложиле 24,2 милиони евра, во февруари и во март беа инвестирани 45,2 и 37,5 милиони евра, во април и во мај приближно по 22 милиона евра, а јуни беше исклучително слаб, бидејќи имаше одлив на странски капитал од 7,7 милиони евра, за потоа во јули да дојде до подобрување, кога беа вложени 25,9 милиони евра.

Инаку, во шесте месеци од годинава, според НБМ, најмногу странски капитал бил влезен од Германија, околу 15 милиони евра, а од Турција беа инвестирани 10 милиони евра, додека 9 милиони евра беа влезени од Луксембург, а 8 милиони евра од Лихтенштајн. Најголемо повлекување, односно одлевање на капитал, било регистрирано од Холандија, над 17 милиони евра.

Инаку, досега, убедливо најдобрата инвестициска година беше 2008, кога во земјава беа инвестирани 399,8 милиони евра, и 2006 кога беа вложени 344,8 милиони евра. Додека, најмалку странски директни инвестиции се слеале во 2005, само 77,21 милиони евра и во 2003 година кога влегле 100 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik