Во вториот квартал економијата порасна за 2,2 отсто

Bez autora
Sep 11 2016

Иако се очекуваше вториот квартал да донесе послаб економски раст од првиот, тој излезе малку подобар од оној во првите три месеци од годинава. Ако во првото тримесечје земјава забележа раст од само два проценти, а како причина за овој послаб резултат од очекуваниот беше наведена политичката криза, вториот квартал македонската економија го заврши со пораст од 2,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Или, во првото полугодие сме имале просечен раст од 2,1 проценти. Бројките за периодот од јануари заклучно со јуни се многу пониски од оние кои Владата ги планираше за оваа година, кога лани го креираше буџетот и кога тврдеше дека е возможно БДП да порасне дури и за 4 отсто, и покрај тоа што и тогаш се знаеше дека тешко ќе дојде до разрешница на политичките турбуленции, коине можат а да не им наштетат на условите за водење бизнис, пред с` од аспект на неизвесноста и на одложувањето на одлуките за инвестирање.

Во вториот квартал економијата порасна за 2,2 отстоИако се очекуваше вториот квартал да донесе послаб економски раст од првиот, тој излезе малку подобар од оној во првите три месеци од годинава. Ако во првото тримесечје земјава забележа раст од само два проценти, а како причина за овој послаб резултат од очекуваниот беше наведена политичката криза, вториот квартал македонската економија го заврши со пораст од 2,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Или, во првото полугодие сме имале просечен раст од 2,1 проценти.

Бројките за периодот од јануари заклучно со јуни се многу пониски од оние кои Владата ги планираше за оваа година, кога лани го креираше буџетот и кога тврдеше дека е возможно БДП да порасне дури и за 4 отсто, и покрај тоа што и тогаш се знаеше дека тешко ќе дојде до разрешница на политичките турбуленции, коине можат а да не им наштетат на условите за водење бизнис, пред с` од аспект на неизвесноста и на одложувањето на одлуките за инвестирање.

Ако податоците за бруто-домашниот производ се погледнат малку подетално, ќе се забележи дека само исклучително високиот раст на градежништвото, кој изнесува дури 31 отсто, земјава успеала да постигне економски раст од 2,2 отсто. Сите други сектори имаат или пониски стапки на раст или опаѓање на економската активност. Тоа покажува дека градежништвото повторно се јавува како своевиден „спасител“ на македонската економија, која е „повредена“ главно од долгото траење на политичката криза и неизвесност.

Гледано според расходниот метод, кај јавната потрошувачка има пад во вториот квартал, намалена е и приватната потрошувачка, додека бруто-инвестициите имаат изненадувачки раст во второто тримесечје.

Марјан Петрески, универзитетски професор, за „Утрински“ вели дека овие бројки за растот на БДП се сосема очекувани.

„Кризата врши сеопфатно потиснување на економијата, односно имаме целосна воздржаност и од фирмите и од населението за инвестициски и потрошувачки одлуки. Гледаме дека растот е позитивен само благодарение на градежништвото, кое е главно поттикнато од државата и во еден, веројатно помал дел, од оние странски фабрики кои отпочнаа со изградби уште пред политичката криза. Така што станува сосем извесно дека целата 2016 година ќе помине во знакот на негативниот ефект од политичката криза врз економијата“, објаснува Петрески.

Покрај порастот на градежништвото за 31 процент, кај секторот стручни, научни, технички и административни дејности е измерен раст од 11,5 проценти. Финансиските и дејностите на осигурување се зголемиле за 4,9 отсто, земјоделството има раст од 2,3 проценти, а секторот информации и комуникации пораснал за 1,3 отсто. Исклучително слаб раст од само 0,2 отсто е забележан кај трговијата на големо и мало.

Еден од најбитните сектори - рударството, индустријата и снабдувањето со електрична енергија, гас и вода - бележи намалување, и тоа за 1,8 отсто. Ова следува откако овој сектор имаше уште полоши резултати, односно опадна за 3,4 проценти во првото тримесечје од годината. Преработувачката индустрија, која влегува во рамките на овој сектор, и во вториот квартал останала во зоната на негативата, со пад од 0,1 отсто, по драматичниот минус од седум отсто во првиот квартал.

Огромен пад од 12,8 отсто статистика забележала кај дејностите за уметност, забава и рекреација, а минус има и јавната управа, за 2,9 проценти. Намалување на активноста е регистрирано и кај дејностите во врска со недвижен имот, за 1,3 отсто.

Гледано по расходниот метод, раст од само 2,2 отсто има кај финалната потрошувачка на домаќинствата. Додека, кај јавната потрошувачка е регистрирано опаѓање, и таму има негативна стапка од 1,9 отсто. Бруто-инвестициите бележат раст од 9,2 проценти, што следува откако во првиот квартал тие имаа голем пад од 9 отсто. Извозот во вториот квартал пораснал за 7,1 отсто, слично како и увозот, со 6,9 проценти.

Во својот квартален извештај за август годинава, Народна банка на Македонија прогнозираше дека растот на македонската економија во вториот квартал најверојатно ќе биде понизок од првиот. Поради тоа, централната банка беше поблиску до предвидувањата дека годинава ќе заврши со раст од 1,6 отсто, што е дел од алтернативното сценарио, наместо основното со 3,5 до 4 проценти. „Повеќето податоци за вториот квартал на годината упатуваат на задржување на економијата во зоната на раст, но веројатно побавен од забележаниот во првото тримесечје. Ризиците остануваат неповолни, а се однесуваат на неизвесноста од домашните политички случувања, но и на неизвесното надворешно окружување“, наведоа од НБМ во извештајот.

Минатата година Македонија ја заврши со економски раст од 3,7 отсто.

СДСМ: Потребен е раст од над 5 отсто за подобар живот

Како резултат на промашените економски политики државата се соочува со брзорастечки јавен долг, ползечки раст, домашна неликвидност и намален меѓународен рејтинг. На Македонија и се потребни и економски промени преку просечни стапки на економски раст од над 5 отсто коишто ќе ги постигнеме преку структурни реформи и промена на структурата на Бруто-домашниот производ, е ставот на опозициската СДСМ.

Според партијата, животниот стандард на граѓаните и во 2016 е значително низок и се повеќе граѓани живеат под прагот на сиромаштија. Тие не се во можност да си ги задоволат основните животни потреби. Мизерниот животен стандард на граѓаните го потврди и Државниот завод за статистика со само 2,2 отсто раст на БДП.

„Ќе работиме на зголемување на инвестицискиот потенцијал во приватниот сектор со што ќе ги зголемиме бруто инвестициите како важна компонента на БДП. Тоа ќе го постигнеме и преку навремени и точни исплати од државата кон фирмите со што ќе се зголеми ликвидноста на фирмите. Ќе работиме на намалување на јазот помеѓу увозот и извозот. Ќе ги јакнеме домашните претпријатија и ќе стимулираме зголемување на извозот“, велат од СДСМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik