Во вторник претпоследно задолжување од осум милиони евра на старата Влада

Bez autora
Jun 04 2017

За вторник, 6 мај, е закажано претпоследното задолжување на старата Влада за сума од над 8 милиони евра, според календарот на задолжувања на Министерството за финансии. Според објавените проспекти на веб-страницата на Министерството, предвидени се две шестемесчни државни записи и една 15 годишна обврзница. Веќе на седми мај, в среда, е предвидено раздолжување по основ на веќе доспеани долгови во ист износ. За 20 јуни е закажано последното задолжување на старата Влада, иако за него, нема објавено проспекти. Вообичаено од овој период од годината, Министерството за финансии објавуваше листа на задолжувања за втората половина од годината, но поради смената на власта, најверојатно, тоа нема да се случи во претстојниот период.

Во вторник претпоследно задолжување од осум милиони евра на старата ВладаЗа вторник, 6 мај, е закажано претпоследното задолжување на старата Влада за сума од над 8 милиони евра, според календарот на задолжувања на Министерството за финансии.

Според објавените проспекти на веб-страницата на Министерството, предвидени се две шестемесчни државни записи и една 15 годишна обврзница. Веќе на седми мај, в среда, е предвидено раздолжување по основ на веќе доспеани долгови во ист износ.

За 20 јуни е закажано последното задолжување на старата Влада, иако за него, нема објавено проспекти. Вообичаено од овој период од годината, Министерството за финансии објавуваше листа на задолжувања за втората половина од годината, но поради смената на власта, најверојатно, тоа нема да се случи во претстојниот период.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik