„Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ со трофеј во Лондон

Bez autora
Jul 12 2017

На официјалната церемонија што се одржа во Лондон, претставниците на угледниот интернационален вински натпревар – International Wine Challenge (IWC), годинешниот „Трофеј за најдобро црвено вино од Македонија“ му го доделија на виното „Вранец спешл селекшн“ од бербата 2015 на винарската визба „Тиквеш“. Ова е првпат винарница од Македонија, па и од регионот на Југоисточна Европа, да добие вакво престижно признание, што е уште една потврда дека „Тиквеш“ е во светскиот клуб на елитни производители на вино. Добивањето на овој трофеј, покрај за „Тиквеш“, претставува голема чест и привилегија и за целокупната македонска винска индустрија, со оглед на фактот што признание од ваков висок ранг им се доделува на помалку од 1% од сите пријавени вина на овој натпревар.

„Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ со трофеј во ЛондонНа официјалната церемонија што се одржа во Лондон, претставниците на угледниот интернационален вински натпревар – International Wine Challenge (IWC), годинешниот „Трофеј за најдобро црвено вино од Македонија“ му го доделија на виното „Вранец спешл селекшн“ од бербата 2015 на винарската визба „Тиквеш“.

Ова е првпат винарница од Македонија, па и од регионот на Југоисточна Европа, да добие вакво престижно признание, што е уште една потврда дека „Тиквеш“ е во светскиот клуб на елитни производители на вино. Добивањето на овој трофеј, покрај за „Тиквеш“, претставува голема чест и привилегија и за целокупната македонска винска индустрија, со оглед на фактот што признание од ваков висок ранг им се доделува на помалку од 1% од сите пријавени вина на овој натпревар. Дополнително, „Тиквеш“ е првата винарница од регионот која го добива ова признание, а кое е доделено за вино произведено од автохтона сорта на грозје, со што „Вранец спешл селекшн“ се издигнува на рангот на најпопуларните светски вина, кои најчесто се произведуваат од познати интернационални сорти.

На свечената церемонија во Лондон, Tрофејот за квалитет му беше врачен лично на претседателот на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, од страна на ко-претседателот на IWC и еден од најпознатите светски вински критичари, Тим Аткин. Исто така, во оваа пригода, господинот Јаневски и членовите на менаџментот на „Тиквеш“ остварија средба и со еден од најпознатите британски и светски вински автори Роберт Овен, попознат во винскиот свет како Оз Кларк. Тоа беше одлична можност, двајцата познати светски вински критичари, од прва рака да се запознаат со квалитетот и високото реноме на врвните македонски вина кои се резултат на исклучителната посветеност, љубов, вештини и на големото залагање на целокупниот тим на „Тиквеш“.

Настанот за доделување медали и признанија на IWC во Лондон на кој присуствуваат сите што нешто значат во глобалната винска индустрија беше одлична можност да се промовира уникатната македонска винска приказна која е спој на прекрасната природа, сонцето, специфичниот тероар и, секако, долгата традиција за производство на извонредно моќните вина од југот на Европа.

Покрај трофејот и златниот медал за виното „Вранец спешл селекшн“, ВВ „Тиквеш“ на IWC 2017 освои и два дополнителни сребрени медали за „Барово (црвено) 2015“ и „Гренаш бланк спешл селекшн“ 2016, како и 5 бронзени медали. Сите овие признанија имаат огромно значење за промоцијата и пробивот на вината на „Тиквеш“ на светските вински пазари. Воедно, тие го трасираат патот и за другите квалитетни македонски вина и значајно придонесуваат за јакнењето на реномето и угледот на Македонија како винска земја и производител на автентични висококвалитетни вина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik