Американскиот „Вашингтон пост“ го смести виното „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година на винаријата „Стоби“ меѓу најквалитетните вина од Балканот и од Мала Азија. Стручњакот Дејв Мекинтаер во тесната селекција го става „Вранец“ меѓу петте исклучителни вина од Балканот. Вранец е темно црвено грозје кое е поврзано со калифорнискиот зифандел и со балканскиот плавац-мали. Станува збор за прекрасно вино со убав мирис кое совршено оди со чадено месо или со говедска чорба, посочува Мекинтаер. Деновиве и американскиот весник „Инфорум“, како и критичарот Рон Смит за „Пино Ноар“ на „Стоби“ истакна дека станува збор за вино кое вреди да се проба и Македонија ја опиша како силен играч во интернационалната винска сцена.
Американскиот „Вашингтон пост“ го смести виното „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година на винаријата „Стоби“ меѓу најквалитетните вина од Балканот и од Мала Азија.
Стручњакот Дејв Мекинтаер во тесната селекција го става „Вранец“ меѓу петте исклучителни вина од Балканот.
„Вранец е темно црвено грозје кое е поврзано со калифорнискиот зифандел и со балканскиот плавац-мали. Станува збор за прекрасно вино со убав мирис кое совршено оди со чадено месо или со говедска чорба“, посочува Мекинтаер.
Деновиве и американскиот весник „Инфорум“, како и критичарот Рон Смит за „Пино Ноар“ на „Стоби“ истакна дека станува збор за вино кое вреди да се проба и Македонија ја опиша како силен играч во интернационалната винска сцена.
Критичарот на „Инфорум“ посочува дека „Пино Ноар“ е лесно црвено вино со рубин нијанса и со силна арома на шумска јагода.
„Поттекнува од Градско кое е на иста географска ширина со Бургундија и со Руската речна долина и регионот е познат по нивните вина ’Пино Ноар’ и ’Шардоне’“, пишува Рон Смит.