Втор месец пад, индустриското во февруари минус 1,3 отсто

Bez autora
Apr 02 2017

Втор месец по ред паѓа македонската индустрија, погодена од политичката криза, која се' уште не покажува знаци на решавање во блиска иднина. Државниот завод за статистика вчера објави дека во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, индустриското е помало за 1,3 отсто. И во јануари оваа година индустриското беше помало за 2,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Стопанствениците од домашните компании од поодамна предупредуваат дека поради политичката криза и нестабилноста, се одложуваат многу зделки и проекти со партнерите, и од земјава, и од странство што ќе се одрази негативно на производството и на економскиот раст.

Втор месец пад, индустриското во февруари минус 1,3 отстоВтор месец по ред паѓа македонската индустрија, погодена од политичката криза, која се' уште не покажува знаци на решавање во блиска иднина. Државниот завод за статистика вчера објави дека во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, индустриското е помало за 1,3 отсто. И во јануари оваа година индустриското беше помало за 2,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Стопанствениците од домашните компании од поодамна предупредуваат дека поради политичката криза и нестабилноста, се одложуваат многу зделки и проекти со партнерите, и од земјава, и од странство што ќе се одрази негативно на производството и на економскиот раст.

„Почетокот на годинава, како што се и очекуваше, донесе два негативни месеца во индустриското производство. Со оглед на тоа како работеа компаниите минатата година, во време на долга политичка криза, не се предвидуваа позитивни економски резултати. Се надевам дека наскоро ќе се стабилизираат состојбите, ќе се намали неизвесноста на политичката сцена и ќе се задржи сигурноста на земјата, што се најбитни фактори за бизнисот“, вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавци на Македонија.

Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во февруари годинава, во однос на февруари 2016 година, изнесува 98,7, односно е помало за 1,3 отсто. По сектори, производството во рударството и вадењето камен, во однос на февруари лани, е намалено за 4,9 отсто, кај преработувачката индустрија падот изнесувал 4,4 отсто, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистриран раст од дури 31,9 отсто. Исто така, во преработувачка индустрија е забележано намалено производство кај: прехранбените производи, пијалаците, тутунските производи, текстилот, облеката, металните производи, електричната опрема, моторните возила, приколките и полуприколките.

И во јануари годинава беше регистриран пад од 2,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Тогаш, исто така, статистиката евидентира намалено производство во истите сектори производството на: прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, облека и друго.

Инаку, и покрај долгата политичка криза, ланската година заврши добро на индустриски план. Односно, само во неколку месеци беше евидентиран пад на индустриското, додека речиси секој месец индустријата беше во позитива. Пад на индустриското беше забележан во ноември, октомври и јуни, од 4,9, 3,6 и 4,4 проценти. Додека најголем раст имаше во јануари, февруари и март, од 8, 15,2 и 8,9 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik