Втор месец по ред паѓа македонската индустрија, погодена од силната политичка криза која не покажува изгледи дека ќе се разреши во блиска иднина. Државниот завод за статистика јави дека во ноември годинава во однос на истиот месец лани индустриското производство на земјава се намалило за 4,9 отсто. Пад има во повеќе индустриски гранки, како што е вадењето руди, производството на метали, прехранбената индустрија, производството на пијалаци и слично. Во ноември се намалил и бројот на работници во индустријата, за 0,9 отсто во однос на истиот месец лани. Инаку, ноемврискиот индустриски минус следува откако индустријата беше во негативната зона и во претходниот месец, октомври, кога беше намалена за 3,6 проценти. Претходно, пак, генерално растеше македонското индустриско производство.
Втор месец по ред паѓа македонската индустрија, погодена од силната политичка криза која не покажува изгледи дека ќе се разреши во блиска иднина. Државниот завод за статистика јави дека во ноември годинава во однос на истиот месец лани индустриското производство на земјава се намалило за 4,9 отсто. Пад има во повеќе индустриски гранки, како што е вадењето руди, производството на метали, прехранбената индустрија, производството на пијалаци и слично. Во ноември се намалил и бројот на работници во индустријата, за 0,9 отсто во однос на истиот месец лани.
Инаку, ноемврискиот индустриски минус следува откако индустријата беше во негативната зона и во претходниот месец, октомври, кога беше намалена за 3,6 проценти. Претходно, пак, генерално растеше македонското индустриско производство.
На домашната индустрија најдобро и' одеше во првиот квартал од годинава, односно во јануари, февруари и март, кога беа реализирани месечни плусови од 8 отсто, 15,2 проценти и 8,9 отсто соодветно, по што следуваа послаби резултати, односно 3,6 отсто пораст во април и 5,3 проценти во мај. Јуни го донесе првото намалување, со пад на индустријата од 4,4 отсто, а потоа пак следуваа три месеци на закрепнување, односно јули, август и септември, со зголемувања од по 5,1 отсто, 5,2 и 4,6 отсто соодветно.
Или, гледано кумулативно, за 11 месеци од годинава, индустриското производство има просечен раст од 3,4 отсто во однос на истиот период минатата година.
Гледано по клучни сектори, кај рударството и вадењето камен има огромен пад, од 16,8 отсто. Минусот кај преработувачката индустрија, пак, изнесува 5,7 отсто. Раст има единствено кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, и тоа за 21, 6 проценти.
По поединечни гранки, пак, намалувања во октомври се регистрирани кај вадењето јаглен и лигнит, за 41 отсто, вадење руди на метал за 5,7 проценти, како и кај вадењето руди и јаглен за 19 проценти.
Во рамките на преработувачката индустрија, пак, има пад кај производството на пијалаци, и тоа за 37 отсто, како и кај прехранбените производи, за 8 проценти. Намалено е и производството на кожа за околу 10 отсто, а голем пад има и кај производството на хемикалии и хемиски производи, за 29 проценти.
Во ноември пад има и кај производството на метали за 20 отсто, како и кај фабрикуваните метални производи, за 21 процент. Значајно намалување има и кај производството на мебел, за 33 проценти.
Пораснале, пак, производството на тутунски производи, за 18 отсто, текстилот за 11, а облеката за два проценти. Раст има и кај производството на дрво и на хартија, за 11 и 24 отсто, како и кај печатењето и продукцијата на снимени медиуми, за околу 7 отсто. Зголемување е забележано и кај фармацијата, за 16 проценти, другите неметални минерали за 20 отсто, како и кај машините и уредите за 10 проценти.
Стопанствениците од домашните компании од поодамна предупредуваат дека поради политичката криза и нестабилност се одложуваат многу зделки и проекти. И по повеќе од две недели откако завршија изборите, политичката неизвесност воопшто не се релаксира, напротив уште повеќе се заплеткува, што носи уште потешки денови за бизнис-секторот.
Бројот на работници во индустријата во ноември помал за 0,9 отсто
Инаку, според Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 99,1, што значи дека има намалување за 0,9 отсто. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во ноември 2016 година, во однос на ноември лани, има раст од 3,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,3 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,5 отсто.
Во периодот јануари - ноември годинава во однос на истиот период лани бројот на работниците во индустријата има мал раст од 0,2 отсто.
Министерот за финансии Кирил Миноски завчера изјави дека економскиот раст за годинава се очекува да биде над проекцијата и покрај негативното влијание на политичката криза врз економијата.