Во технолошко-индустриската зона „Скопје 1“ денеска се отвори вториот производствен погон на италијанската групација „Витило“. Станува збор за инвестиција вредна 10 милиони евра која ќе генерира 100 нови вработувања. Како што рече директорот на „Витек Македонија“, компанијата предвидува и трета инвестиција наредната година, со што вкупното вложување ќе се заокружи на 30 милиони евра, а ќе бидат вработени над 300 лица. Според него, одлуката за уште една инвестиција во земјава е донесена и благодарение на досегашното позитивно искуство. Вицепремиерот за економски прашања потенцира дека во изминатите 60 дена секоја недела се реализираат две до три инвестиции.
Во технолошко-индустриската зона „Скопје 1“ денеска се отвори вториот производствен погон на италијанската групација „Витило“. Станува збор за инвестиција вредна 10 милиони евра која ќе генерира 100 нови вработувања.
Како што рече директорот на „Витек Македонија“, Антонио Витило, компанијата предвидува и трета инвестиција наредната година, со што вкупното вложување ќе се заокружи на 30 милиони евра, а ќе бидат вработени над 300 лица. Според него, одлуката за уште една инвестиција во земјава е донесена и благодарение на досегашното позитивно искуство.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, потенцира дека во изминатите 60 дена секоја недела се реализираат две до три инвестиции.
„Нови, втори фабрики минатата недела најавија и компаниите ’Џонсон контролс’ и ’Ван Хол’ во кои ќе се вработат околу 2.000 лица. Ако се земат предвид и инвестициите најавени во изминатите два месеца, на ’Акомпласт’ во Прилеп, ’Икстрејд’ и ’Џерман електро-мехатроник систем’, како и на домашните ’Технопласт’ и ’Хајтек’, ’Капкон’..., бројот на нови работни места ќе се искачи на 5.000, а вкупните инвестиции ќе надминат 160 милиони евра“, посочи Пешевски.
Групацијата „Витило“ е присутна во Македонија од 2011 година. Произведува хидраулични спојки за висок притисок и гумени црева за голем број индустрии.