Нови 15 до 20 илјади работни места се очекуваат со продолжување на проектот „Македонија вработува“, чија втора фаза треба да почне кон крајот на јуни или почетокот на јули. За реализација на проектот вчера Владата усвои измени на три закона, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција изјави дека со спроведувањето на проектот во текот на една година и со очекуваните нови 15 до 20 илјади работни места, значително ќе се придонесе за дополнително намалување на невработеноста, за развој на домашните компании и за економски прогрес на државата.
Нови 15 до 20 илјади работни места се очекуваат со продолжување на проектот „Македонија вработува“, чија втора фаза треба да почне кон крајот на јуни или почетокот на јули.
За реализација на проектот вчера Владата усвои измени на три закона, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција изјави дека со спроведувањето на проектот во текот на една година и со очекуваните нови 15 до 20 илјади работни места, значително ќе се придонесе за дополнително намалување на невработеноста, за развој на домашните компании и за економски прогрес на државата.
Според него, „Македонија вработува“ се покажал како најуспешен проект за намалување на невработеноста. За една година од неговото спроведување во повеќе од десет илјади компании се вработиле 19 илјади лица од различни категории.
„За време на спроведувањето на проектот, од првиот квартал лани, до првиот квартал годинава, невработеноста е намалена за 2,8 проценти“, рече Пешевски.
Со предложените законски измени што наскоро треба да ги разгледаат Економско- социјалниот совет и Собранието, се предвидува ослободување од плаќање на придонеси и давачки за работодавците кои ќе вработат лица поделени во неколку категории.