Wizz Air, од ноември, воедува нова линија од Хановер до Скопје

Bez autora
Jul 19 2016

Wizz Air, ниско-буџетната авиокомпанија, во вторник, објави нова линија од Скопје до Хановер – Германија, која од. Новата линија ќе започне на 1 ноември со два лета неделно, вторник и сабота. Картите се веќе во продажба на wizzair.com почнувајќи со цена од само 1,199 денари. Хановер, главниот град на сојузната покраина Долна Саксонија е важен трговски центар, како и голем саем и центар за фестивали, познат по Октоберфест Хановер, кој е втор по големина Октоберфест во светот и Хановер Schützenfest- најголемиот панаѓур на стрелци во светот. Со голем број музеи од светски рамки, галерии и театри, градот е исто така познат како важен културен центар и е одличен избор да се посети и од туристички и од бизнис аспект.

Wizz Air, од ноември, воедува нова линија од Хановер до СкопјеWizz Air, ниско-буџетната авиокомпанија, во вторник, објави нова линија од Скопје до Хановер – Германија, која од. Новата линија ќе започне на 1 ноември со два лета неделно, вторник и сабота. Картите се веќе во продажба на wizzair.com почнувајќи со цена од само 1,199 денари.

Хановер, главниот град на сојузната покраина Долна Саксонија е важен трговски центар, како и голем саем и центар за фестивали, познат по Октоберфест Хановер, кој е втор по големина Октоберфест во светот и Хановер Schützenfest- најголемиот панаѓур на стрелци во светот.

Со голем број музеи од светски рамки, галерии и театри, градот е исто така познат како важен културен центар и е одличен избор да се посети и од туристички и од бизнис аспект. Со денешната објава, Хановер стана најновиот 124-ти аеродром во мрежата на Виз Аир.

Со новите активности во Германија, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.

„Возбудени сме да им ги пренесеме одличните новости на нашите корисници од Македонија. Wizz Air донесе ниски цени во Македонија во 2011 и од тогаш постојано инвестира во Скопје, моментално базирајќи три авиони во главниот град на Македонија. Нашите 2 милиони патници, кои беа достигнати порано оваа година, исто така ја докажува големата побарувачка на авионскиот превоз во оваа држава. Новата линија до Хановер ќе понуди уште една извондредна ниско-буџетна конекција до еден од најголемите бизнис и културни центри во Германија истовремено стимулирајќи го туризмот и угостителството во Македонија. Нашиот професионален локален екипаж гледа да ги пречека патниците на летот со Wizz насмевка”, вели Тамара Валиос, шеф на комуникации на Виз Аир.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik