За 100 дена обезбедивме 188,4 милиони евра грантови

Bez autora
Sep 10 2017

За само 100 дена успеавме да обезбедиме 188,4 милиони евра грантови – неповратни средства за подобрување на патната, железничката и комуналната инфраструктура, соопшти министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој денеска даде отчет за сработеното на ресорното министерство во првите 100 дена од формирањето на новата влада предводена од СДСМ. Република Македонија стана дел од Транспортната заедница, составена од земјите од Западен Балкан и ЕУ која ќе придонесе за подобрување на квалитет на транспортните услуги и полесна интеграција на транспортниот сектор со тој на Унијата. Успеавме да го зголемиме обемот на воздушниот сообраќај преку воведување на нови линии. Се посветивме на успешно и ефикасно заокружување на проектот за легализација на дивоградби преку воведување на принципот на праведност и достапност до сите граѓани подеднакво,рече Сугарески.

За 100 дена обезбедивме 188,4 милиони евра грантовиЗа само 100 дена успеавме да обезбедиме 188,4 милиони евра грантови – неповратни средства за подобрување на патната, железничката и комуналната инфраструктура, соопшти министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој денеска даде отчет за сработеното на ресорното министерство во првите 100 дена од формирањето на новата влада предводена од СДСМ.

„Република Македонија стана дел од Транспортната заедница, составена од земјите од Западен Балкан и ЕУ која ќе придонесе за подобрување на квалитет на транспортните услуги и полесна интеграција на транспортниот сектор со тој на Унијата. Успеавме да го зголемиме обемот на воздушниот сообраќај преку воведување на нови линии. Се посветивме на успешно и ефикасно заокружување на проектот за легализација на дивоградби преку воведување на принципот на праведност и достапност до сите граѓани подеднакво. Сработивме и предложивме серија нови законски решенија со кои ја олеснивме работата на бизнис секторот“, рече Сугарески.

Министерот рече дека за краток период успеале да обезбедат вкупно 131 милиони евра неповратни средства од Европската Унија за доизградба на пругата кон Бугарија на Коридор 8.

„Обезбеденитe средства се однесуваат на следното: на Самитот во Трст успеавме да обезбедиме грант од 70 милиони евра за изградба на пругата конкретно за делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Со ова ја заокруживме финансиската конструкција на изградба на оваа делница. Преку Оперативната програма за транспорт 2014-2020 од Европската Унија, успеавме да обезбедиме речиси 61 милион евра за изградба на последниот дел од железничкото поврзување кон Бугарија и тоа делницата од Крива Паланка до Деве Баир. Со меморандумот што го потпишавме со Министерството за транспорт и комуникации на Бугарија се обврзавме и двете земји најдоцна до 2027 година да имаме изградено комплетно нова пруга со што ќе го засилиме економскиот развој на регионот“, појасни Сугарески.

Тој рече дека договорот за обезбедување на нови средства за изградба на пругата од Битола до Кременица очекува да биде потпишан овој месец.

Според министерот, една од најзначајните реформи што биле направени во првите 100 дена е продолжување на рокот на легализација на дивоизградените објекти.

„Овозможивме два нови рокови со кои еден од 1 јануари до 31 декември 2018 година и вториот рок од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, сите заинтересирани граѓани да можат да си понесат нови барања за легализација. Со ова конечно ќе го завршиме процесот на легализирање на дивите објекти а на граѓаните ќе им овозможиме да си го остварат своето право на сопственост“, рече Сугарески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik