За банките нема криза - книжат профит од 10 милиони евра

Bez autora
Jul 15 2015

На македонските банки не им пречи ниту политичка ниту каква било друга криза за да работат профитабилно. Добивките на банкарскиот сектор постојано одат нагоре, а податоците на Народна банка на Македонија говорат дека тие пораснале и во првиот квартал од оваа година, во период кога многу други економски параметри веќе почнаа да покажуваат надолни трендови, како последица на турбулентните политички случувања во земјава. Во првите три месеци од годинава нашиот банкарски сектор остварил вкупен профит од близу 10 милиони евра, што е за 43 отсто повеќе од добивката во истиот период минатата година. Попрецизно, вкупно 15 банки, колку што сега постојат во државава, само за еден квартал успеале да реализираат профит од 9,64 милиони евра, што е значаен раст во однос на 6,73 милиони евра колку што заработиле во првите три месеци лани.

На македонските банки не им пречи ниту политичка ниту каква било друга криза за да работат профитабилно. Добивките на банкарскиот сектор постојано одат нагоре, а податоците на Народна банка на Македонија говорат дека тие пораснале и во првиот квартал од оваа година, во период кога многу други економски параметри веќе почнаа да покажуваат надолни трендови, како последица на турбулентните политички случувања во земјава.

Во првите три месеци од годинава нашиот банкарски сектор остварил вкупен профит од близу 10 милиони евра, што е за 43 отсто повеќе од добивката во истиот период минатата година. Попрецизно, вкупно 15 банки, колку што сега постојат во државава, само за еден квартал успеале да реализираат профит од 9,64 милиони евра, што е значаен раст во однос на 6,73 милиони евра колку што заработиле во првите три месеци лани.

Во првиот квартал од годинава групата големи банки остварила вкупен профит од 6,9 милиони евра, додека оваа категорија банки во истата временска отсечка минатата година имале поголема добивка, 8,6 милиони евра. Треба да се напомене и дека сега во категоријата големи банки влегуваат четири банки, додека во истиот тајминг лани само три се сметале како големи банки. Инаку, големи банки се оние кои имаат актива поголема од 491 милиони евра.

Ако кај големите банки има намалување на вкупниот профит, средните стануваат многу попрофитабилни. Или, вкупниот профит на вкупно осум средни банки колку што сега има во Македонија, во првиот квартал од годинава достигнал дури 3,6 милиони евра, наспроти само 440 илјади евра колку што тежел во истиот период лани. Притоа, и тогаш во категоријата средни фигурирале осум банки. Но, треба да се спомене дека една од банките што лани беше во категоријата средни, сега е премината во групата големи, додека две од малите банки се споија и на нивно место сега доаѓа една средна банка, па бројот во оваа групација банки останува ист. Но, затоа кај малите банки, од пет колку што изнесувал нивниот број лани, сега е сведен на три, а вкупниот број банки од 16 е намален на 15. Веројатно и затоа што е намален бројот на малите банки, нивната загуба оваа година се намалила на 845 илјади евра, наспроти 2,3 милиони евра колку што тежела во истиот период лани.

Најголемите „пари“, како и вообичаено, банките ги прават од нето-приходите од камати. Тоа е, всушност, разликата меѓу приходите од каматите што тие ги наплатуваат од граѓаните, фирмите и другите нивни клиенти, и каматите што ги плаќаат на депозитите. Во првиот квартал преку нето-приходи од камати нашиот банкарски сектор заработил близу 55 милиони евра, наспроти 50 милиони во истиот период лани. Во првите три месеци од годинава, вкупните приходи од камати тежат 80 милиони евра, а расходите 25 милиони. Од компаниите што ги кредитирале банките „ќариле“ 34 милиони евра на камати, од домаќинствата 32 милиони евра, а од секторот држава нешто повеќе од пет милиони евра. Кај расходите доминира ставката расходи за камати за граѓаните, кои се главни штедачи и кои во првиот квартал од годинава од камати на своите штедни влогови се офајдиле со вкупно 16 милиони евра.

Најголемите минуси и оваа година се поради лошите кредити, односно загуби поради оштетување - исправка на вредноста на финансиските средства, кои во првите три месеци од годинава се искачиче на 22 милиони евра, или 9 милиони евра повеќе од истиот период лани. Како трошоци за своите вработени банките издвоиле околу 18 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik