За четири месеци НБМ откупила 105 милиони евра

Bez autora
Nov 10 2016

Од јули до сега, Народна банка на Македонија откупила 105 милиони евра на девизниот пазар и со тоа надоместила над 80 отсто од продажбите во периодот април - мај, кога НБМ интервенираше за да ги смири шпекулациите околу девизниот курс на денарот. Како што соопшти вчера НБМ, купувањето на девизите придонесе за натамошно подобрување на денарската ликвидност на банките, коишто ги зголемија пласманите во краткорочни монетарни инструменти. Како што нагласуваат од НБМ петти месец по ред го откупува вишокот девизи од банките и со тоа ги надополнува девизните резерви. Во октомври фирмите имале зголемена понуда на девизи, при истовремен пад на побарувачката. Подобри остварувања се забележуваат и на девизниот пазар на банките со физичките лица, во услови на стабилизирање на побарувачката и натамошен раст на понудата на девизи. Во текот на овој месец банките повторно оствариле нето-откуп на девизи од физички лица.

За четири месеци НБМ откупила 105 милиони евраОд јули до сега, Народна банка на Македонија откупила 105 милиони евра на девизниот пазар и со тоа надоместила над 80 отсто од продажбите во периодот април - мај, кога НБМ интервенираше за да ги смири шпекулациите околу девизниот курс на денарот.

Како што соопшти вчера НБМ, купувањето на девизите придонесе за натамошно подобрување на денарската ликвидност на банките, коишто ги зголемија пласманите во краткорочни монетарни инструменти. Како што нагласуваат од НБМ петти месец по ред го откупува вишокот девизи од банките и со тоа ги надополнува девизните резерви.

Во октомври фирмите имале зголемена понуда на девизи, при истовремен пад на побарувачката. Подобри остварувања се забележуваат и на девизниот пазар на банките со физичките лица, во услови на стабилизирање на побарувачката и натамошен раст на понудата на девизи. Во текот на овој месец банките повторно оствариле нето-откуп на девизи од физички лица.

„Подобрите движења на девизниот пазар во октомври овозможија одржување висока девизна ликвидност на банките и насочување на вишоците на девизи кон Народната банка, којашто повторно интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи во вкупен месечен износ од 17 милиони евра“, соопштија од НБМ.

„Првичните податоци покажуваат натамошно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што е видливо преку растот на штедењето на населението во банкарскиот систем, при што се забележува и прираст на штедењето во домашна валута, се вели во соопштението од вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на кој беше заклучено дека на девизниот пазар продолжуваат позитивните движења.

Заклучно со порастот на вкупните депозити во банкарскиот систем во октомври, годишниот раст изнесува 4 отсто, што укажува на натамошно закрепнување на депозитната база. За ваквите показатели придонеле и населението и корпоративниот сектор.

„На кредитниот пазар, по растот во септември, во октомври се забележува благо месечно намалување на кредитната активност. Анализирано од секторски аспект, кредитирањето на населението и натаму расте, додека кредитните текови кон корпоративниот сектор забележаа пад. Од почетокот на годината досега кредитните текови бележат раст, којшто е солиден и во согласност со очекувањата“, се вели во соопштението на НБМ.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика било оценето и дека неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и глобалното окружување се' уште постои. „Ваквите состојби наметнуваат потреба од постојано следење на остварувањата и редовно преоценување на ризиците и нивното значење во контекст на остварувањето на целите на монетарната политика“, се вели во соопштението, при што се додава дека НБМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели.

Инаку, оцената на НБМ е дека монетарната поставеност е соодветна, па и на вчерашната аукција на благајнички записи се спроведе под непроменета каматна стапка од 4 отсто. Генералната оцена е дека економските фундаменти се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата.

„По растот на економијата од околу 2 отсто во првата половина на годината, сите досегашни расположливи макроекономски показатели упатуваат на натамошен економски раст во третиот квартал со слично темпо“, оценува НБМ.

Во однос на инфлацијата, по неколкумесечното намалување на потрошувачките цени, просечната годишна стапка во септември и октомври е умерено позитивна и изнесува 0,2отсто, во просек, предизвикана од растот на базичната инфлација. Кај показателите од надворешниот сектор, расположливите податоци покажуваат умерен дефицит во тековната сметка од околу 1 отсто од БДП во првите осум месеци од годината, финансиран и преку должнички текови, но и преку приливи во форма на директни инвестиции. Во однос на адекватноста на девизните резерви, сите показатели и натаму се движат во сигурната зона, се вели во соопштението до медиумите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik