За девет месеци компаниите прокнижиле добивка од 153,68 милиони евра

Bez autora
Dec 13 2016

Во првите девет месеци од годинава се зголемил бројот на компаниите кои оствариле добивка, а се намалил бројот на оние кои имале загуба, покажуваат неревидираните биланси на котираните друштва на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност. Во овој период вкупно 83 компании имале добивка, наспроти 75 во истиот период лани. Истовремено, годинава загуба прикажале 25 друштва додека во првите три квартали лани имало 33. Според прегледот што го изготви Берзата врз основа на остварените финансиски резултати, во првите девет месеци од 2016, компаниите кои котираат на пазарот на капитал имале вкупна добивка од 9,45 милијарди денари или околу 153,68 милиони евра.

За девет месеци компаниите прокнижиле добивка од 153,68 милиони евраВо првите девет месеци од годинава се зголемил бројот на компаниите кои оствариле добивка, а се намалил бројот на оние кои имале загуба, покажуваат неревидираните биланси на котираните друштва на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност. Во овој период вкупно 83 компании имале добивка, наспроти 75 во истиот период лани.

Истовремено, годинава загуба прикажале 25 друштва додека во првите три квартали лани имало 33. Според прегледот што го изготви Берзата врз основа на остварените финансиски резултати, во првите девет месеци од 2016, компаниите кои котираат на пазарот на капитал имале вкупна добивка од 9,45 милијарди денари или околу 153,68 милиони евра. Минатата година, пак, во истиот период вкупната добивка изнесувала 7,57 милијарди денари или околу 123,24 милиони евра, или за триесетина милиони евра помалку од годинава. Вкупниот износ на загубите на фирмите што имале негативни финансиски резултати годинава е 385,77 милиони денари (околу 6,27 милиони евра), што е значајно помалку од ланските 1,33 милијарди денари или околу 21,7 милиони евра.

Ваквите резултати, меѓу другото, влијаеја и на зголемување на цените на акциите на повеќето акционерски друштва што котираат на берзата, како и на распределба на дел од добивката на акционерите.

Од вкупно 108 акционерски друштва, колку што ги има во прегледот што го изработи берзата, се издвојуваат добивките што ги остварија банките. Така на пример, Стопанска банка Скопје годинава во првите девет месеци оствари добивка од 1,85милијарди денари што е за 15,62 отсто повеќе од лани, кога имаше добивка од 1,6 милијарди денари. НЛБ банка во истиот период имаше добивка од 1,15 милијарди денари, за 43,59 отсто повеќе од истиот период лани, Комерцијална банка 526.234.000 денари, за 66,16 отсто од лани итн.

Меѓу компаниите со поголеми добивки се вбројуваат и „Македонски телеком“ со 713.693.000 денари, што е сепак полошо од ланските 964.842.000 денари за 26,03 отсто.

Добро работеше и Цементарница УСЈЕ АД Скопје која годинава имаше добивка од 960.004.000 денари, што за 16,82 отсто повеќе од ланските 821.758.000 денари во првите три квартали, потоа Алкалоид - Скопје кој годинава имаше добивка од 509.385.000 денари, за 10,08 отсто повеќе од лани, Гранит АД Скопје со 373.178.000 денари (пораст од 4,14 отсто), ЗК Пелагонија АД Битола со 315.669.000 денари (наспроти ланската загуба од 24.052.000 денари во првите девет месеци) итн.

Меѓу друштвата што имаа загуба, се издвојуваат некои од компаниите од металната индустрија, како што се Арцелор митал (ЦРМ)со загуба од 114.348.646 денари, што е сепак помала од ланските 405.233.138 денари и Арцелор митал (ХРМ) со загуба од 20.116.148 денари во првите девет месеци годинава, што е помалку од 110.870.482 денари во истиот период лани. Загуба прикажа и Сковин АД Скопје, од 88.417.000 денари, што се надоврзува на ланскиот минус од 87.340.000 денари во истиот период.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik