За два месеца фирмите повлекле 50 милиони евра од банките

Bez autora
Apr 22 2015

Втор месец по ред компаниите повлекуваат значајни суми пари од банките, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија. Откако во февруари годинава бизнис-секторот од земјава подигнал од своите банкарски сметки вкупна сума од 20 милиони евра, во март новото намалување на депозитите на компаниите изнесува 28 милиони евра. Или, за само два месеца фирмите повлекле од банкарскиот сектор во земјава вкупна сума од безмалку 50 милиони евра, говорат бројките на централната банка. Банкарите со кои разговаравме велат дека домашните компании се погодени од политичката криза која трае околу три месеци, па сосема извесно е дека тоа е една од причините за намалување на депозитите на компаниите во банките, кои во март се симнале до нивото од 1,01 милијарди евра.

За два месеца фирмите повлекле 50 милиони евра од банкитеВтор месец по ред компаниите повлекуваат значајни суми пари од банките, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија. Откако во февруари годинава бизнис-секторот од земјава подигнал од своите банкарски сметки вкупна сума од 20 милиони евра, во март новото намалување на депозитите на компаниите изнесува 28 милиони евра.

Или, за само два месеца фирмите повлекле од банкарскиот сектор во земјава вкупна сума од безмалку 50 милиони евра, говорат бројките на централната банка.

Банкарите со кои разговаравме велат дека домашните компании се погодени од политичката криза која трае околу три месеци, па сосема извесно е дека тоа е една од причините за намалување на депозитите на компаниите во банките, кои во март се симнале до нивото од 1,01 милијарди евра.

Ова повлекување средства на бизнис-секторот од банките во февруари и во март следува откако подолг период наназад компаниите постојано ја зголемуваа својата депозитна база во банките, а најголем раст беше забележан во декември, минатата година. Пораст, иако минимален, од нешто помалку од еден милион евра, беше регистриран и во јануари оваа година.

Намалувањето на парите што фирмите ги чуваат на своите банкарски сметки е главна причина што во март, за прв пат по подолг период, пад регистрираат и вкупните депозити во банкарскиот сектор во земјава. Односно, во третиот месец од годинава кај вкупните влогови има минус од 16,3 милиони евра, така што нивната вкупна сума сега е на ниво од 4,668 милијарди евра, наспроти 4,685 милијарди колку што изнесувале еден месец претходно.

„Најверојатно поради политичката криза во земјава, дел од компаниите се соочиле со проблеми во работењето и сега ги трошат парите што ги чувале како резерви во банките“, вели еден од банкарите.

Според него, банките засега се' уште не чувствуваат неповолно влијание поради политичките случувања, бидејќи, како што велат, „во Македонија веќе долги години се случува политичка криза, па ние на некој начин отрпнавме и се навикнавме да работиме во такви услови“.

Всушност, банкарите објаснуваат дека депозитите што компаниите ги чуваат во банките се еден вид нивни заштеди, резерви, кои ги чуваат за да ги имаат на располагање кога ќе биде потребно. „Тоа што го чуваат на сметките е нивниот обртен капитал, па дел од тие средства може да бил повлечен за да се извршат некои поголеми набавки, а дел за поделба на плати, во случај, на пример, да немало средства од други редовни приходи. Всушност, депозитите на фирмите се нивни заштеди, резерви, кои тие ги сочувале со цел да ги трошат кога има потреба и сега се јавила таква потреба“, објаснува нашиот соговорник.

Тој додава дека минатата година значајно пораснаа депозитите на фирмите, а сега се намалуваат. Очекува и дека во следниот месец може да има ново намалување, поради исплатата на дивидендите од компаниите на нивните акционери, за што исто така ќе треба да повлекуваат пари од банките.

Според банкарите, ова повлекување од околу 50 милиони евра за два месеца не треба да се смета за алармантно, но не треба ни да се исклучува и можноста дека намалениот обем на работење поради политичката криза е една од причините што го предизвикуваат.

Наспроти фирмите, граѓаните не престануваат да вложуваат нови штедни влогови во банките, и покрај постојаното намалување на каматната стапка, односно на заработувачката што ја остваруваат по овој основ. Па така, кон крајот на третиот месец од годинава, депозитите кај секторот домаќинства во нашите банки достигнале близу 3,37 милијарди евра, што е месечен пораст за околу 24 милиони евра, откако и во февруари овие депозити се зголемија за околу 23 милиони евра.

Покрај приватните компании и граѓаните, кои поседуваат најголем колач од депозитите во банките, во март е регистрирано и намалување на депозитите на јавните нефинансиски друштва, за околу два милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik