За две недели истекува рокот за регистрација во системот на УЈП

Bez autora
Dec 20 2018

УЈП ги потсетува граѓаните дека наближува крајниот рок за регистрација во системот Е-персонален данок, 31 декември. Од таму информираат дека покрај шалтерите лоцирани во регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во: општина Ѓорче Петров, во зградата на Урбаната заедница Ѓорче Петров и општина Аеродром, во општинската зграда на вториот кат. Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31 декември, со работно време од 8 до 18 часот. Шалтерите во општина Кисела Вода – барака број 4, општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем и општина Чаир се отворени секој работен ден до 31 декември со работно време од 8 до 16 часот.

За две недели истекува рокот за регистрација во системот на УЈПУЈП ги потсетува граѓаните дека наближува крајниот рок за регистрација во системот Е-персонален данок, 31 декември.

Од таму информираат дека покрај шалтерите лоцирани во регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во: општина Ѓорче Петров – во зградата на Урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и општина Аеродром – во општинската зграда на вториот кат.

Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31 декември, со работно време од 8 до 18 часот.

Шалтерите во општина Кисела Вода – барака број 4, општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и општина Чаир се отворени секој работен ден до 31 декември со работно време од 8 до 16 часот.

Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и во Битола работат од 7 до 21. 30 часот. Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 декември, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.

Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12. и 29.12. со работно време од 8 до 14 часот.

На следниот линк е и распоредот на вонредниот возен ред на „Мобилен даночен шалтер“ кој ги посетува населените места во Скопје, каде што Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии – http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik