За изречена казна на фирма ќе се плаќа само глобата, нема да се затвора објектот

Bez autora
Jul 26 2017

Пратениците од владејачкото мнозинство во Собранието предлагаат измени на Законот за изменувањето на Законот за регистрирање на готовинските плаќања по скратена постапка, со кое се бара да му се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење дејност во деловната просторија во траење од 15 дена и за даночен обврзник физичко лице затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање глоба, пренесува „Академик“. Во постојното решение се предвидува дека доколку при вршењето на контролата даночниот инспектор или даночниот контролор утврди дека даночниот обврзник не го регистрира прометот преку фискален апарат, не издава фискална сметка на купувачите, односно на корисниците на услугата, или нема инсталирано GPRS-терминал и крипто-модул, составува записник во кој ја внесува констатираната незаконитост.

За изречена казна на фирма ќе се плаќа само глобата, нема да се затвора објектотПратениците од владејачкото мнозинство во Собранието предлагаат измени на Законот за изменувањето на Законот за регистрирање на готовинските плаќања по скратена постапка, со кое се бара да му се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење дејност во деловната просторија во траење од 15 дена и за даночен обврзник физичко лице затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање глоба, пренесува „Академик“.

Во постојното решение се предвидува дека доколку при вршењето на контролата даночниот инспектор или даночниот контролор утврди дека даночниот обврзник не го регистрира прометот преку фискален апарат, не издава фискална сметка на купувачите, односно на корисниците на услугата, или нема инсталирано GPRS-терминал и крипто-модул, составува записник во кој ја внесува констатираната незаконитост.

Врз основа на констатираната незаконитост Управата за јавни приходи донесува привремено решение со кое на даночниот обврзник ќе му забрани вршење дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за даночен обврзник правно лице и 15 дена за даночен обврзник физичко лице.

Пратениците сметаат дека тоа не придонесува за економски развој, ниту за тоа даночниот обврзник да може, без да ја извршува дејноста, да ги плати казната и другите давачки кон државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik