За килограм откупена домашна пченица - еден денар субвенција

Bez autora
Mar 21 2016

Македонските мелничари ќе добијат само еден денар субвенција за секој откупен килограм македонска пченица од минатата реколта. Оваа сума била договорена со Министерството за земјоделство, иако пред еден месец тие бараа државната интервенција да биде 2,5 денари за да можат да излезат од кризата што ја предизвика неконтролираниот увоз на евтино брашно. Мелничарите предупредуваат дека ако субвенцијата не ја добијат до крајот на мај, нема да бидат во состојба да откупуваат домашна пченица од новата реколта поради натрупаните долгови. Засега немаат најава кога ќе им биде уплатен денарот за килограм, бидејќи, како што велат, одлуката е се' уште во процедура во институциите.

За килограм откупена домашна пченица - еден денар субвенцијаМакедонските мелничари ќе добијат само еден денар субвенција за секој откупен килограм македонска пченица од минатата реколта.

Оваа сума била договорена со Министерството за земјоделство, иако пред еден месец тие бараа државната интервенција да биде 2,5 денари за да можат да излезат од кризата што ја предизвика неконтролираниот увоз на евтино брашно.

Мелничарите предупредуваат дека ако субвенцијата не ја добијат до крајот на мај, нема да бидат во состојба да откупуваат домашна пченица од новата реколта поради натрупаните долгови. Засега немаат најава кога ќе им биде уплатен денарот за килограм, бидејќи, како што велат, одлуката е се' уште во процедура во институциите.

Во Министерството за земјоделство потврдуваат дека за да се создадат услови за исплата на дополнителната субвенција на откупувачите на домашна пченица е потребно да се направат измени на законот за земјоделство и рурален развој. Измените неодамна се влезени во собраниска процедура и се очекува да дојдат на дневен ред на некоја од следните седници.

„Откако ќе бидат усвоени ќе треба да се сменат и подзаконските акти за да се интервенира“, велат во Министерството.

Во моментов, потенцираат во Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, состојбата е уште полоша отколку пред еден месец, бидејќи долговите постојано се зголемуваат. Субвенцијата само накратко ќе ја смири состојбата, но решението треба да се бара во подолгорочни системски мерки.

„Мора да се работи на подобрување на квалитетот на семенскиот материјал што го користат производителите. На тој начин ќе се зголемат приносите, но и квалитетот на домашното производство, кое ќе биде конкурентно и ќе ја намали потребата од увоз“, нагласуваат во Групацијата.

Од таму, на почетокот на февруари драматично апелираа да им се даде помош бидејќи во сегашните услови на заситеност на пазарот со евтино брашно и пченица од увоз нема да успеат да спречат колапс и да преживеат до следната жетва.

Државна помош тогаш побараа и производителите на пченица кои бараа два денари за килограм продадена пченица, за да можат да ја покријат разликата меѓу производствената цена од 13 денари и цената по која ја продале пченицата од 11 денари. Кај нас годишно под пченица се обработуваат од 70.000 до 90.00 хектари земјоделски површини.

Мелничарите како најголем проблем го посочуваат фактот што во земјата годишно влегуваат од 45.000 до 50.000 тони увозно брашно по многу ниска цена од 13 денари за килограм. Домашната производна цена за килограм е 14,5 денари, поради тоа што плаќаат скапа македонска пченица. За разлика од тоа, српската пченица и српското брашно се со многу пониски цени.

Месечно во Македонија се трошат околу 11.000 тони брашно, односно 15.000 тони пченица. Од увоз доаѓаат околу 4.000 тони месечно, најмногу од Србија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik