Населението од пет региони во Грција и четири во Македонија ќе имаат придобивки од новата програма за прекугранична соработка поддржана од ЕУ, што беше усвоена денеска. Интерег ИПА- програмата изнесува повеќе од 45 милиони евра, од кои речиси 39 милиони евра се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија. Со ИПА-Програмата за прекугранична соработка ќе бидат опфатени грчките региони Флорина (Лерин), Пела, Килкис (Кукуш), Серес (Сер) и Солун, како и пелагонискиот, вардарскиот, југоисточниот и југозападниот регион во Македонија. Програмата ја спроведува грчкото Министерство за економија, инфраструктура, поморство и туризам.
Населението од пет региони во Грција и четири во Македонија ќе имаат придобивки од новата програма за прекугранична соработка поддржана од ЕУ, што беше усвоена денеска.
Интерег ИПА- програмата изнесува повеќе од 45 милиони евра, од кои речиси 39 милиони евра се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија.
Со ИПА-Програмата за прекугранична соработка ќе бидат опфатени грчките региони Флорина (Лерин), Пела, Килкис (Кукуш), Серес (Сер) и Солун, како и пелагонискиот, вардарскиот, југоисточниот и југозападниот регион во Македонија. Програмата ја спроведува грчкото Министерство за економија, инфраструктура, поморство и туризам.
Според Канцеларијата на ЕУ во Македонија, програмата ќе помогне во креирање работни места, подобрување на јавниот транспорт и здравствени услуги, како и заштита на животната средина и културното наследство во регионите.
„Програмата има за цел да отвори можности за вработување преку истражување на компаративните предности на прекуграничната област. Инвестициите ќе помогнат во подобрување на превентивната здравствена заштита и социјални услуги за деца и постарото население. Програмата, исто така, ќе им помогне на регионите да работат заедно во промовирањето на туризмот во прекуграничната област и во создавањето нови работни места во овој сектор“, се вели во соопштението од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Фокусот на инвестициите, според соопштението, ќе биде и на надградба на јавната инфраструктура за да се скрати времето на патување. Мерките за заштита на животната средина во рамки на програмата ќе поддржат одржливо управување со отпад како и заштита на еко-системите и биодиверзитетот. Програмата, исто така, ќе помогне во спречување, намалување и управување со ризикот од природни катастрофи.
„Програмите за прекугранична соработка обезбедуваат конкретни мерки за подобрување на квалитетот на животот и нудат нови економски можности и работни места за населението што живее во пограничните региони на Европската унија и нејзините соседи. Овие програми претставуваат можност за регионите да изнајдат заеднички решенија за споделени предизвици“, изјави Корина Крету, комесар за регионални политики.
Приоритети на програмата се развој и поддршка на локалната економија и заштита на животната средина-транспорт.
Вториот програмски период на ИПА-програмата за прекугранична соработка 2014-2020 има буџет во износ од околу 484 милиони евра, инвестирани во 12 програми за прекугранична соработка меѓу региони, како и територијални, општествени и економски партнери.