Голем број македонски граѓани се' уште не добиваат фискална сметка при купување на некои стоки или за одредена завршена услуга. Односно, во државава постои даночна евазија иако најголем процент од граѓаните сметаат дека е значајно да се плаќаат даноците, не треба да се толерира неплаќањето затоа што тоа има негативно влијание врз економијата, како и дека е потребен поголем фокус на стумулативни и едукативни наместо казнени мерки. Граѓаните најмалку или воопшто не добиваат фискални сметки за разни услуги за одржување на домот (17 отсто), потоа за поправки во домот (21 отсто), при изнајмување на имот (30 отсто) и за занаетчиски услуги. Најмногу, односно 85 отсто од граѓаните, пак, најредовно добиваат сметки за сметководствени, транспортни, докторски и архитектонски и дизајн услуги.
Голем број македонски граѓани се' уште не добиваат фискална сметка при купување на некои стоки или за одредена завршена услуга.
Односно, во државава постои даночна евазија иако најголем процент од граѓаните сметаат дека е значајно да се плаќаат даноците, не треба да се толерира неплаќањето затоа што тоа има негативно влијание врз економијата, како и дека е потребен поголем фокус на стумулативни и едукативни наместо казнени мерки.
Граѓаните најмалку или воопшто не добиваат фискални сметки за разни услуги за одржување на домот (17 отсто), потоа за поправки во домот (21 отсто), при изнајмување на имот (30 отсто) и за занаетчиски услуги. Најмногу, односно 85 отсто од граѓаните, пак, најредовно добиваат сметки за сметководствени, транспортни, докторски и архитектонски и дизајн услуги. Поголемиот степен на даночна дисциплина кај професионалните и транспортните услуги е поради поголемиот степен на примена на законската регулатива во тие дејности и посилна инспекциска контрола.
Ова покажале најновите податоци на „Центарот за истражување на политики“, ЦИКП, од анкетата на населението за даночна евазија во 2016 година. Биле анкетирани 1.097 граѓани и според резултатите, повеќе од половината од испитаниците или 54 отсто изјавиле дека не им била издадена фискална сметка за разни искористени услуги во период од три месеци. Оваа бројка е за само 1 процент подобра во споредба со истата анкета спроведена во 2014 година. Сепак, ако е за утеха, процентот е подобар во споредба со Албанија и Косово, каде што 65 односно 74 отсто од испитаниците одговориле дека не добиле фискални за разни услуги.
„Околу 14 отсто од испитаниците изјавиле не добиле фискална сметка за козметички производи, околу 17 отсто за облека и обувки и околу 11 отсто за храна и разни продукти. А, даночната дисциплина е двојно влошена во категоријата „алкохол и тутун“ каде што дури 20 отсто од испитаниците не добиле сметка при нивна набавка. Додека во 2014 година овој процент изнесувал 12. За овие акцизни стоки се наплатуваат високи даноци, па затоа даночната евазија во оваа сфера носи ризик од помали даночни приходи во државната каса“, стои во извештајот на ЦИКП.
Се додава дека во државава се применуваат мерки против непријавената работа и даночната евазија, главно репресивни и казнени и потребно е да се размислува за воведување промени, односно за зголемување на казните со што ќе се подобри процентот на формалната вработеност. Истовремено, треба да се зголемат стимулациите за компаниите за да можат да ја зголемат економската активност.
Скриената економија, односно даночната евазија која настанува поради непријавениот труд негативно влијае врз продуктивноста на општеството како и на економската моќ, ја намалува конкурентноста и го блокира приливот на странски директни инвестиции, предупредуваат експертите. Во Македонија, како и секаде во светот, таа е најзастапена во трговијата, индустријата, услужните дејности, земјоделството и во градежништвото.
Последните статистички податоци покажаа дека во 2013 година неформалниот сектор учествувал со околу 20 отсто од БДП на државава, или тоа биле приближно 2 милијарди долари неоданочени пари од разни нелегални бизниси. Според Државниот завод за статистика во 2013 година неформалната вработеност зафаќала 22,5 отсто од вкупната вработеност во земјава, а во 2011 година тој процент изнесувал 25 отсто. Надлежните посочуваат дека досегашните законски реформи како и паричните казни во значителна мера влијаеле за намалување на големиот број на работници на црно, а со тоа и на процентот на учеството на неформалната економија во БДП.
Инаку, на европско ниво, годишниот удел на сивата економија во БДП во просек изнесува околу 2.100 милијарди евра или 18,5 отсто. При тоа, две третини од вкупната неформална економија отпаѓа на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија. На врвот на листата се Романија, Естонија и Бугарија, со над 30 отсто учество на оваа економија во БДП. Во најдобра позиција е Словачка со 15 отсто и Чешка со 16 отсто, што, сепак, е двојно повеќе од Австрија. Во просек, нелојалната економија зафаќа околу 14 отсто од БДП во скандинавските земји, а најмалку ја има во Швајцарија, 7,1 отсто од БДП.