За осум месеци реализирани 41 отсто капитални трошоци

Bez autora
Oct 13 2016

Заклучно со крајот на август оваа година државата трошела повеќе од вообичаеното преку ставката други трансфери, а многу помалку за стоки и услуги. Убедливо најслаба „реализација“ има во користењето на капиталните инвестиции. Ова се дел од поентите изнесени во најновиот мониторинг на трошењата од буџетот на централно ниво заклучно со август оваа година, подготвен од Центарот за економски анализи. Притоа, како база за споредба е земена реализацијата на буџетските приходи и расходи од 67 отсто, колку што би требало да изнесува рамномерната месечна динамика во текот на годината. Капиталните инвестиции во првите осум месеци годинава се реализирале само 41 отсто. Капиталните трошоци кумулативно, од јануари заклучно со август 2016, бележат реализација од 41 отсто од планираниот буџет, што е значително под очекуваната рамномерна кумулативнана реализација, која би изнесувала 67 отсто доколку буџетот би се реализирал рамномерно секој месец, се вели во извештајот на ЦЕА.

За осум месеци реализирани 41 отсто капитални трошоциЗаклучно со крајот на август оваа година државата трошела повеќе од вообичаеното преку ставката други трансфери, а многу помалку за стоки и услуги. Убедливо најслаба „реализација“ има во користењето на капиталните инвестиции. Ова се дел од поентите изнесени во најновиот мониторинг на трошењата од буџетот на централно ниво заклучно со август оваа година, подготвен од Центарот за економски анализи.

Притоа, како база за споредба е земена реализацијата на буџетските приходи и расходи од 67 отсто, колку што би требало да изнесува рамномерната месечна динамика во текот на годината.

Капиталните инвестиции во првите осум месеци годинава се реализирале само 41 отсто. „Капиталните трошоци кумулативно, од јануари заклучно со август 2016, бележат реализација од 41 отсто од планираниот буџет, што е значително под очекуваната рамномерна кумулативнана реализација, која би изнесувала 67 отсто доколку буџетот би се реализирал рамномерно секој месец“, се вели во извештајот на ЦЕА.

Додека, пак, ставката други трансфери заклучно со август се реализирала со 69 отсто, што е за два процентни поени над вообичаената реализација.

„Слабо“ се трошеле и буџетските пари предвидени за стоки и услуги, така што стапката на реализација заклучно со август изнесува 50 отсто, што е за речиси 17 поени под вообичаеното. И парите што од буџетот се предвидени за Агенцијата за вработување, не се искористиле колку што е планирано, односно, со реализирана стапка од 58 отсто, се помали за 9 процентни поени од вообичаената динамика. Во оваа ставка влегуваат надоместоците за невработените, како и расходите за активните мерки за вработување.

На страната на даноците, тие се прибирале согласно очекувањата, односно ја следеле вообичаената месечна динамика, 67 отсто.

Најдобро се прибирал данокот на добивка. „Стапката на реализација за осумте месеци изнесува 73 отсто, што е за 6 поени повисока од рамномерните 67 отсто“, се укажува во извештајот.

Буџетскиот дефицит, пак, од јануари, заклучно со август се реализирал 46 отсто, што е речиси 11 процентни поени помала реализација од очекуваната од 67 отсто.

До август кумулативната стапка на реализација на ставката државни

записи се намалува на 35 отсто од вкупно планираниот годишен буџет. Кумулативна реализација на ставката странски заеми до август изнесува 67 отсто од вкупно планираниот годишен буџет.

„Нашата цел е блиску да го следиме движењето на селектирани ставки кои вообичаено се поврзуваат со политичкиот и економскиот циклус, посебно на буџетските трошења во оваа година, која во моментот е од посебен интерес, поради најавените парламентарни избори во декември“, велат од ЦЕА. Проектот се спроведуваше во партнерство со „Транспаренси интернешнл-Македонија“, а беше поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik