Од почетокот на годинава заклучно со август во Македонија влегле 176,5 милиони евра странски инвестиции, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Во споредба со истиот период лани, кога Македонија станала домаќин на близу 188 милиони евра, значи дека годинава имаме благо намалување за 11,5 милиони евра, или за 6,1 отсто. Само во август годинава странците вложиле 24,5 милиони евра. Притоа, на сопственички капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат само три милиони евра, додека, пак, во делот на должнички инструменти, вкупниот влез на инвестициите е 21,5 милиони евра. Тука, пак, како вложување на директниот инвеститор во претпријатието во кое се инвестира (обврски) се наведени 6,2 милиони евра, а како повратно вложување (средства) износот е минус 13,4 милиони евра.
Од почетокот на годинава заклучно со август во Македонија влегле 176,5 милиони евра странски инвестиции, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Во споредба со истиот период лани, кога Македонија станала домаќин на близу 188 милиони евра, значи дека годинава имаме благо намалување за 11,5 милиони евра, или за 6,1 отсто.
Само во август годинава странците вложиле 24,5 милиони евра. Притоа, на сопственички капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат само три милиони евра, додека, пак, во делот на должнички инструменти, вкупниот влез на инвестициите е 21,5 милиони евра. Тука, пак, како вложување на директниот инвеститор во претпријатието во кое се инвестира (обврски) се наведени 6,2 милиони евра, а како повратно вложување (средства) износот е минус 13,4 милиони евра. Додека, на вложување меѓу хоризонтално поврзани претпријатија (нето обврски) отпаѓаат околу два милиони евра.
Ако се гледаат странските вложувања по месеци, може да се забележи дека најдобар месец досега е март, со вложени 42,2 милиони евра, додека, пак, најлош е јуни, кога имало одлевање на 860 илјади евра. Во јануари годинава биле инвестирани 24,3 милиони евра, а во февруари 34,7 милиони. Во април инвестицискиот резултат е 7,5 милиони евра, а во мај 24 милиони. Јули и' донел на Македонија 20 милиони евра странски инвестиции, а август 24,5 милиони.
За годинава Владата најави дека очекува влез на околу 300 милиони евра странски инвестиции. Ако во првите осум месеци од годинава се вложени 177 милиони евра, излегува дека за да се исполнат плановите би требало во преостанатите четири месеци да бидат вложени 123 милиони евра, или во просек по 30,8 милиони евра месечно.
Според најавите на Владата, во наредните месеци се очекува нов прилив на странски инвестиции. Во отчетот на премиерот Никола Груевски за 100 дена Влада, тој рече дека привлекувањето странски компании го смета за една од најуспешните политики на Владата. „По 17 објавени инвестиции во Македонија пред изборите, во првите 100 дена, шест компании објавија одлуки за инвестирање, а уште шест донесоа интерни одлуки. Уште две компании присутни со инвестиции одлучија да ги прошират капацитетите. Тоа се вкупно 31 инвестиција“, рече Груевски.
Инаку, најуспешна година досега на планот на привлекувањето на странските инвестиции била 2007, со инвестирани околу 506 милиони евра, што следуваше откако во 2006 во земјава влегоа 345 милиони евра. Во 2008 во Македонија биле инвестирани 400 милиони евра, а во 2009 година има значаен пад на инвестицискиот скор и тој изнесува 145 милиони евра, слично колку и во 2010, 160 милиони евра. Подобрување е регистрирано во 2011, со инвестирани 344 милиони евра, а во 2012 година повторно влошување на инвестициската слика, со 111 милиони евра. Во 2013 година во земјава беа инвестирани 252 милиони евра, а за годинава очекувањата се движат на 300 милиони.