За стечај на „Фени“ ќе одлучува судот во Велес

Bez autora
Nov 19 2017

Врховниот суд го одби барањето за изземање на судот во Велес во одлучувањето за можноста за стечај на „Фени индустри“. Судскиот процес за металуршкиот комбинат ќе продолжи во Основнот суд Велес, а барањето за делегирање друг суд е отфрлено како неосновано. Постапката за овој предмет останува да се води пред стварно и месно надлежниот Основен суд Велес, стои во одлуката на Врховниот суд. Во понеделникот во велешкиот суд требаше да почне претходна постапка за стечај на „Фени“, но судот не расправаше за можноста за отворање стечај на фабриката оти сегашниот директор на фабриката, Рајчо Кацаров, пред почетокот на закажаното судење побарал изземање на Основниот суд Велес и пресрапределување на предметот во некој од скопските судови.

За стечај на „Фени“ ќе одлучува судот во ВелесВрховниот суд го одби барањето за изземање на судот во Велес во одлучувањето за можноста за стечај на „Фени индустри“. Судскиот процес за металуршкиот комбинат ќе продолжи во Основнот суд Велес, а барањето за делегирање друг суд е отфрлено како неосновано.

„Постапката за овој предмет останува да се води пред стварно и месно надлежниот Основен суд Велес“, стои во одлуката на Врховниот суд.

Во понеделникот во велешкиот суд требаше да почне претходна постапка за стечај на „Фени“, но судот не расправаше за можноста за отворање стечај на фабриката оти сегашниот директор на фабриката, Рајчо Кацаров, пред почетокот на закажаното судење побарал изземање на Основниот суд Велес и пресрапределување на предметот во некој од скопските судови.

Судијката Валентина Ѓеорѓиевска само кусо соопшти дека стечајната постапка за „Фени“ е прекината сè додека Врховниот суд не делегира друг суд што ќе ја води постапката.

Кацаров објасни дека побарал изземање на судот во Велес со објаснување дека бараат за стечајот да одлучува суд во Скопје оти банките кредитори на „Фени“ се од Скопје.

На 31 октомври годинава Основниот суд Велес поведе претходна постапка за отворање стечај за „Фени индустри“ на барање на Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и банката „Силк роуд“. „Фени“ им должи на банките 40 милиони евра, а долгот кон другите доверители изнесува 20 милиони евра.

Судот именуваше привремен стечаен управник, одреди општа забрана за располагање со имотот на „Фени“, забрани одредување или спроведување присилно извршување или обезбедување против фабриката и забрани исплати од сметката.

Привремениот стечаен управник влезе во фабриката и утврди дека таа е доведена до колапс поради лоши менаџерски одлуки.

За лошо менаџирање против генералниот извршен директор на „Фени“, Јусуф Миракхмедов, и против раководството кривична пријава поднесе малцинскиот сопственик БСГР, а Миракхмедов доби кривична пријава и од Финансиската полиција, која не ја исклучи можноста од поднесување уште кривични пријави за работењето во фабриката.

Фабриката трет месец работи на минимум, производство нема. Банките најавија дека сè додека трае стечајот, отворени се за разговори со заинтересирани инвеститори кои ќе приложат доказ дека може да го преземат долгот и ќе гарантираат дека фабриката ќе продолжи да работи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik