Заем од 58 милиони евра од ЕБОР за првата голема пречистителна станица за отпадни води во Скопје

Bez autora
Dec 22 2019

ЕБОР ќе обезбеди заем од 58 милиони евра за финансирање на првата голема пречистителна станица за отпадни води во Скопје, а финансирањето на овој проект ќе биде поддржано и со 78 евра милиони од Европската инвестициона банка (ЕИБ).

ЕБОР ќе обезбеди заем од 58 милиони евра за финансирање на првата голема пречистителна станица за отпадни води во Скопје, а финансирањето на овој проект ќе биде поддржано и со 78 евра милиони од Европската инвестициона банка (ЕИБ).

„Најголемиот дел од 560.000 жители на градот Скопје ќе имаат бенефит од пречистителната станица за отпадни води, благодарение на новата пречистителна станица која за оваа намена ќе се изгради во главниот град на Северна Македонија. Пречистувањето на водата беше идентификувано како една од најитните приоритети од Акциониот план за Зелени градови, развиен од градските власти и ЕБОР. Скопје е еден од неколкуте градови во Европа кои немаат значаен капацитет за третман на пречистување на отпадна вода. Наместо тоа, непречистена отпадна вода се влева директно во реката Вардар, загадувајќи ја човековата околина и влијаејќи врз живеалиштата на луѓето кои живеат по течението на реката, на територијата на Северна Македонија и Грција“, соопштија од ЕБОР.

На годишно ниво, новата пречистителна станица ќе третира 51.3 милиони метри кубни непреработена отпадна вода. Прочистената отпадна вода ќе се врати на безбеден начин во животната средина, со што значително ќе се намали нивото на загадување на реката Вардар и ќе се подобрат екосистемите и средината на живеење. Пречистителната станица ќе покрие девет од 10-те скопски општини и ќе биде со капацитет до 650.000 лица, со оглед на тоа дека се очекува зголемување на популацијата во градот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik