Европската банка за обнова и развој му одобри кредит од 6 милиони евра на ПЦЦ „Хидро“ ДООЕЛ за финансирање изградба на четири мали хидроцентрали на различни реки во Македонија со вкупен капацитет од 4,1 мегавати. Хидроцентралите ќе бидат вклучени во дистрибутивната мрежа, а компанијата ќе има договори за приоритетен откуп со македонскиот оператор на дистрибутивниот систем, како и специјална тарифна шема наменета за проекти за обновлива енергија. Ова е втор кредит од ЕБОР доделен на приватниот сектор во Македонија за изградба на енергетски капацитети што се финансираат преку директна кредитна линија за инвестиции во одржливи извори на енергија во Западен Балкан. Финансирањето на ЕБОР е поддржано со директен договор потпишан со Министерството за економија.
Европската банка за обнова и развој му одобри кредит од 6 милиони евра на ПЦЦ „Хидро“ ДООЕЛ за финансирање изградба на четири мали хидроцентрали на различни реки во Македонија со вкупен капацитет од 4,1 мегавати.
Хидроцентралите ќе бидат вклучени во дистрибутивната мрежа, а компанијата ќе има договори за приоритетен откуп со македонскиот оператор на дистрибутивниот систем, како и специјална тарифна шема наменета за проекти за обновлива енергија.
Ова е втор кредит од ЕБОР доделен на приватниот сектор во Македонија за изградба на енергетски капацитети што се финансираат преку директна кредитна линија за инвестиции во одржливи извори на енергија во Западен Балкан. Финансирањето на ЕБОР е поддржано со директен договор потпишан со Министерството за економија. Кредитот на ЕБОР е дополнет со средства од техничка помош обезбедена од Фондот на Западен Балкан, Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и од норвешката влада.
По успешното завршување на проектот, ППЦ „Хидро“ ДООЕЛ ќе се квалификува за прием на стимулативно плаќање поврзано со намалувањето на емисијата на јаглероден диоксид што го обезбедуваат Фондот на Западен Балкан, Специјалниот фонд за акционери на ЕБОР и Европската унија.