Заев во Штип: Од септември ќе стартува покачувањето на минималната плата на 12.000 денари

Bez autora
Jul 23 2017

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и пратеникот Благој Бочварски, денеска во Штип се сретнаа со работниците и сопствениците на неколку фабрики за текстил, како и со претставниците на синдикалните здруженија и граѓанските здруженија за заштита на работничките права. На средбите се разговараше за економските мерки на Владата предвидени во ребалансот на буџетот, кои ќе обезбедат зголемување на минималната плата на 12.000 денари, за поддршката за домашните претпријатија и за подобрување на животниот стандард на граѓаните. На средбата е констатирана заедничка согласност дека остварувањето на предвидените мерки ќе се реализира во интензивна соработка, разбирање и солидарноста помеѓу стопанствениците, работниците и државата.

Заев во Штип: Од септември ќе стартува покачувањето на минималната плата на 12.000 денариПремиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и пратеникот Благој Бочварски, денеска во Штип се сретнаа со работниците и сопствениците на неколку фабрики за текстил, како и со претставниците на синдикалните здруженија и граѓанските здруженија за заштита на работничките права. На средбите се разговараше за економските мерки на Владата предвидени во ребалансот на буџетот, кои ќе обезбедат зголемување на минималната плата на 12.000 денари, за поддршката за домашните претпријатија и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На средбата е констатирана заедничка согласност дека остварувањето на предвидените мерки ќе се реализира во интензивна соработка, разбирање и солидарноста помеѓу стопанствениците, работниците и државата.

Премиерот Заев, во разговор со работниците ја изразил одлучноста на Владата да работи на заштита и унапредување на работничките права и на унапредување на животниот стандард на работниците, како и на овозможување на стабилна деловна клима која ќе гарантира развој на домашните претпријатија.

Во изјавата за медиумите по остварените средби, премиерот Заев истакна дека оваа посета на работниците и стопанствениците од Штип, се реализира како дел од подготовките за покачувањето на минималната плата на 12.000 денари во септември.

„Граѓаните знаат дека тенденцијата е да ја покачиме минималната плата на 12.000 денари. Ние сме сериозни во одлуката и сакаме оваа мерка да ја стартуваме на еден прагматичен начин, во консултација со нашите граѓани, пред сè со работниците и со газдите. Нашата намера е мерката за определување на новата висина на минималната плата да биде воведена на 1 септември“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите.

Тој соопшти дека на овие разговори, од страна на работниците, му била презентирана детална слика за условите што ги имаат на работните места, за платите и за користењето на годишните одмори. На средбата со сопствениците , премиерот Заев укажал на тоа дека решенијата предвидени за подигање на стандардот на работниците ќе бидат во согласност со заложбите за развој и перспектива на компаниите.

Покрај зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари, премиерот Заев најави и пакет  мерки кои што ќе значат изедначување на условите за работа на домашните со странските инвеститори и информираше дека од почетокот на септември владата ќе објави менија за нови гринфилд инвестиции од кои се очекува отворање на нови работни места.

„Гледаме дека има услови за воведување на една ваква мерка. Ќе продолжат консултациите до донесувањето на законското решение. Она што е важно при воведувањето на една ваква мерка е дека покачувањето на минималната плата на 12.000 денари ја отвора спиралата за покачување на севкупните плати во Република Македонија. Секако прв таргет се текстилната и кожарската индустрија, како најслабо платени, со цел владата на еден внимателен начин, преку буџетски пари, со 1.5 милиони евра месечно, да го следи стопанството за да не дозволиме никакви дисторзии во нивното работење“, истакна Заев.

Тој ги информираше вработените во фабриките што ги посети за новата мерка наВвладата која ќе биде остварена благодарение на ребалансот на буџетот и на домаќинското работење. Со скратувањето на ставките кои се однесуваа на трошоци за рекламирање и репрезентации во странство, ќе бидат ослободени финансиски средства за поддрша на проектот на владата за субвенционирање годишните одмори на најниско платените работници.

„Оваа мерка ќе опфати околу 35.000 работници и дополнително ќе се овозможи продолжување на сезоните во туристичките капацитети ширум Македонија. Верувам дека на тој начин ќе го помогнеме и туристичкиот бизнис“, вели Заев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik