Вкупно 20 компании подигнале документација за учество на тендерот за изградба на Хироелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна река. Како што вчера информира претставникот на Групацијата за енергетика при Сојузот на стопански комори, компаниите имаат рок до 25 јули да ги достават бараните документи, по што ќе биде извршен избор на идниот концесионер. Тие ќе треба да подготват предлог за оптимално техничко решение за искористување на хидро потенцијалот на Црна река и да дефинираат техно-економски решенија за хидроцентралите за изградба и за управување. Министерството за животна средина неодамна го распиша 12- от тендер за концесионирање на ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“.
Вкупно 20 компании подигнале документација за учество на тендерот за изградба на Хироелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна река.
Како што вчера информира претставникот на Групацијата за енергетика при Сојузот на стопански комори, Ѓорѓи Манасков, компаниите имаат рок до 25 јули да ги достават бараните документи, по што ќе биде извршен избор на идниот концесионер.
Тие ќе треба да подготват предлог за оптимално техничко решение за искористување на хидро потенцијалот на Црна река и да дефинираат техно-економски решенија за хидроцентралите за изградба и за управување.
Министерството за животна средина неодамна го распиша 12- от тендер за концесионирање на ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“.
Во последните десетина години беа распишани 11 тендери, но ниту еднаш не се пронајде најповолен понудувач за двете хидроцентрали.