Заострувањето на увозот на автомобили - задоцнета мерка

Bez autora
Apr 08 2015

Добра но задоцнета мерка, за која не очекуваме дека ќе има позначаен ефект. Вака дел од импортерите на нови возила во земјава реагираат на најновите законски измени кои ги предлага Министерството за економија, а со кои се затегнува ременот околу увозот на половни автомобили. Овие мерки, како што велат, следуваат откако во земјава беа внесени 150 илјади употребувани возила, што го презасити пазарот во земјава. Од друга страна, пак, увозниците на половни возила со кои разговаравме не очекуваат некои позначајни промени во своето работење откако ќе бидат изгласани законските измени. Според нив, увозот на стари возила и досега беше ограничен за физичките лица.

Заострувањето на увозот на автомобили - задоцнета мерка„Добра но задоцнета мерка, за која не очекуваме дека ќе има позначаен ефект.“ Вака дел од импортерите на нови возила во земјава реагираат на најновите законски измени кои ги предлага Министерството за економија, а со кои се затегнува ременот околу увозот на половни автомобили. Овие мерки, како што велат, следуваат откако во земјава беа внесени 150 илјади употребувани возила, што го презасити пазарот во земјава.

Од друга страна, пак, увозниците на половни возила со кои разговаравме не очекуваат некои позначајни промени во своето работење откако ќе бидат изгласани законските измени. Според нив, увозот на стари возила и досега беше ограничен за физичките лица.

Министерот за економија Беким Незири завчера објави дека се планира во иднина граѓаните како физички лица да можат од странство да увезуваат најмногу по два половни автомобили годишно. Тоа ќе се направи преку измени на Законот за трговија. „Со измените, секое физичко лице во иднина ќе може да увезе само два автомобила. Нема да му биде дозволено да увезе трет автомобил, односно тоа ќе може да го направи само ако се регистрира како правно лице“, рече Незири, додавајќи дека во земјите на ЕУ, едно лице смее да купи само по едно половно возило годишно.

Според увозниците на употребувани возила, и сега важи законското решение според кое увозот за физички лица е ограничен, и тоа на три возила годишно. „Значи, физичките лица и досега не можеа неограничено да увезуваат половни возила. Затоа и оваа нова мерка ништо значајно нема да промени. Имено, оние што сакале да го заобиколат законот и што тоа го правеле и досега, ќе го прават тоа и во иднина. Имено, во секое семејство има повеќе членови и сите тие ќе увезат на нивно име по две возила годишно, или тоа ќе го направат нивни роднини, така што законот пак нема да биде некоја пречка“, вели нашиот соговорник, увозник на стари возила. Според него, позначајна новина е онаа дека фирмите отсега па натаму ќе мора да имаат плац, за да можат да вршат увоз на половни автомобили. Тоа значи дека за него ќе треба да се обезбедат документи, а исто така, тој ќе треба да биде и соодветно заграден. „Јас сметам дека ова е многу правилна мерка, а има за цел да се спречи практиката што ја имаа некои од увозниците - возилата да ги оставаат на улица, што не е во ред“, вели овој бизнисмен.

Но, увозниците на стари коли велат дека не се толку битни законските промени, колку фактот што кај нас веќе е презаситен пазарот со стари автомобили. Па, како што потенцираат, побарувачката е се' помала, а со тоа и цените се пониски. Односно, според нив, сега од земјава може да се набави поевтин половен автомобил, отколку од странство.

Импортерите на нови возила, пак, сметаат дека мерката е добра, но навистина задоцнета. „Откако се увезоа 150 илјади стари автомобили, а според нашите проценки и повеќе, оваа мерка сега изгледа дегутантна“, коментира друг увозник. Нагласува дека како последица на либералниот увоз на половни коли, значаен износ на девизни средства по тој основ се одлеа од земјава, а се зголеми и загаденоста на воздухот.

„Оваа мерка сметам дека нема да има ефект, бидејќи пазарот е презаситен, нема капацитет.“

Според увозниците, заживување на пазарот на нови возила може да се очекува дури откако во земјава ќе биде забранет увоз на возила со еколошки стандард понизок од „Еуро 4“.

Дополнувањата на Законот за возила, пак, се очекува да бидат во насока на зголемување на ефективноста во работењето на овластените технички служби. Според Незири, се скратуваат роковите за издавање одобрение за единечно возило - од 15 на 5 работни дена. Ќе се менува и процедурата за техничките прегледи на возилата, кои ќе мора да траат најмалку 10 минути, со цел да се спречи провлекувањето на возила со сомнителна исправност. Записите за измерени издувни гасови, за исправноста на сопирачките и на системот за управување ќе бидат составен дел од регистрацискиот лист на возилото, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот. Правилата предвидуваат при влез на технички преглед, возилото да се сними на предната и задната регистарска табличка, а и да бидат обезбедени слики од бројот на моторот и каросеријата.

Покрај ова, сега во сила се и новите давачки за увоз на половни возила. Зависно од категоријата и тонажата на возилото, новите цени се движат од 3 до 8 илјади денари.

Инаку, Владата кон крајот на минатата година донесе одлука да ги скрати роковите за увоз на стари возила. Односно, старите возила со стандард „Еуро 2“ од почетокот на годинава веќе не може да се увезуваат, а автомобилите што ги исполнуваат стандардите „Еуро 3“, ќе можат да се внесуваат во државава заклучно со крајот на јуни годинава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik