Започна откупот на тутунот два дена пред законскиот рок

Bez autora
Dec 14 2010

Два дена порано од договореното започна откупот на тутун во државава. Наместо утре, како што е законски утврдено, министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, во придружба на својот домаќин, Игит Тунџел, генерален директор на Сокотаб" - Битола, вчера го означи официјалниот почеток на откупот на тутунот од годинешната реколта. Откупот го почнуваме два дена порано од законската обврска. Очекуваме тутун со повисок квалитет од лани и откуп на околу 25 милиони килограми, што е за пет милиони помалку од минатата година. Според претседателот на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители, Данчо Милевски, квалитетот на реколтата, иако речиси четири недели подготвена за предавање, поради складирањето нема да се намали. Квалитетот на тутунот годинава е одличен, најдобар од досегашните најмалку пет до шест реколти, и нема да се намали со чувањето доколку е тоа соодветно. Напротив, ќе стане уште подобар. Со снижување на температурите почнува ферментацијата, а така се подобрува и бојата.

Започна откупот на тутунот два дена пред законскиот рокДва дена порано од договореното започна откупот на тутун во државава. Наместо утре, како што е законски утврдено, министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, во придружба на својот домаќин, Игит Тунџел, генерален директор на Сокотаб" - Битола, вчера го означи официјалниот почеток на откупот на тутунот од годинешната реколта.

- Откупот го почнуваме два дена порано од законската обврска. Очекуваме тутун со повисок квалитет од лани и откуп на околу 25 милиони килограми, што е за пет милиони помалку од минатата година - изјави Димовски.

Според претседателот на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители, Данчо Милевски, квалитетот на реколтата, иако речиси четири недели подготвена за предавање, поради складирањето нема да се намали.

- Квалитетот на тутунот годинава е одличен, најдобар од досегашните најмалку пет до шест реколти, и нема да се намали со чувањето доколку е тоа соодветно. Напротив, ќе стане уште подобар. Со снижување на температурите почнува ферментацијата, а така се подобрува и бојата - рече Милевски.

Откупот на тутунот на сите пунктови во државата го вршат комисии во кои задолжително има претставници од здруженијата на тутунопроизводители.

- По завршувањето на откупот веднаш ќе следи исплатата на субвенциите кои се идентични како минатата година - 60 денари за килограм предаден тутун. Со тоа продолжува нашата поддршка кон оваа стратешка земјоделска култура - истакна Димовски и потврди дека на последната конференција на Светската здравствена организација била донесена одлука со која се ублажуваат критериумите за употребата на адитивите во брендираните цигари и која им е во прилог на тутунопроизводителите во Македонија.

Производителите, пак, остануваат на барањето оценката на тутунот да оди во две класи, прва и втора, а цената да биде повисока од лани. Ако тоа не се реализира, задоволни ќе бидат и со 190 денари за килограм, колку што беше минатогодишната просечна цена.

- Бараме цените во просек да изнесуваат 190 денари или 250, 200 и 170 денари за прва, втора и трета класа, независно што според потпишаните договори се дефинирани на 208, 162 и 123 денари. Производните трошоци годинава се зголемија за 20 до 30 отсто. Наемната рака лани беше 70 денари, а годинава 100 до 120 денари на час, додека машинското расадување од 700 денари за декар порасна на 1.200 денари - нагласи Милевски.

Откупот, според најновите измени на Законот за тутун, треба да почне најдоцна до 15 декември, а завршува заклучно со 15 март. Министерството за земјоделство наскоро ќе ја ефектуира соработката со кинески експерти и ќе потпише протокол за извоз на македонски ориентален тутун во Кина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik