Затворени 74 објекти што не користеле фискални каси

Bez autora
Feb 12 2012

Управата за јавни приходи затвори 60 објекти при завчерашните контроли во делот на фискализацијата спроведени во доцните вечерни часови. Од над 400 даночни контроли кај 74 објекти е утврдено дека истите не го регистрирале готовинскиот промет, со намера да го намалат приходот и данокот. Во зависност од прекршокот - непоседување фискален апарат, неиздавање фискални сметки и неводење задолжителна финансиска документација, фирмите кои го заобиколиле законот се соочуваат со глоби во вкупен износ од 170.950 евра во денарска противвредност, како и со затворање на објектот од 15 до 30 дена. Во еден случај поради спречување на вршење на службените задачи на даночните контролори и кинење на записници и налог, за даночниот обврзник е поднесена кривична пријава. Управата за јавни приходи постојани апелира до фирмите да го регистрираат прометот во готово на начин пропишан со законот.

Затворени 74 објекти што не користеле фискални касиУправата за јавни приходи затвори 60 објекти при завчерашните контроли во делот на фискализацијата спроведени во доцните вечерни часови.

Од над 400 даночни контроли кај 74 објекти е утврдено дека истите не го регистрирале готовинскиот промет, со намера да го намалат приходот и данокот.

- Во зависност од прекршокот - непоседување фискален апарат, неиздавање фискални сметки и неводење задолжителна финансиска документација, фирмите кои го заобиколиле законот се соочуваат со глоби во вкупен износ од 170.950 евра во денарска противвредност, како и со затворање на објектот од 15 до 30 дена.

Во еден случај поради спречување на вршење на службените задачи на даночните контролори и кинење на записници и налог, за даночниот обврзник е поднесена кривична пријава - велат од УЈП.

Управата за јавни приходи постојани апелира до фирмите да го регистрираат прометот во готово на начин пропишан со законот. Неиздавањето на фискалните сметки на потрошувачите е неисплатливо за бизнисите, земајќи предвид дека паричните казни во делот на фискализација се високи и истовремено може да се соочат со забрана на вршење професија, дејност или должност во траење од една година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik