Заврши обновата на мостовите на Коридорот 10

Bez autora
Jul 03 2016

Обновата на 63 мостови долж македонскиот дел од Коридор 10, реализирана со финансиска поддршка на НАТО и КФОР, заврши, со што Македонија добива нова и квалитетна инфраструктура на овој коридор, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Санацијата на мостовите се одвиваше во три фази. Во тек на првата беа обновени мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје-Блаце. Во втората фаза беа опфатени мостовите на делница од Демир Капија до Гевгелија, а во третата, од крајот на 2013 до мај годинава, на делницата Велес-Катланово.

Заврши обновата на мостовите на Коридорот 10Обновата на 63 мостови долж македонскиот дел од Коридор 10, реализирана со финансиска поддршка на НАТО и КФОР, заврши, со што Македонија добива нова и квалитетна инфраструктура на овој коридор, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Санацијата на мостовите се одвиваше во три фази. Во тек на првата беа обновени мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје-Блаце.

Во втората фаза беа опфатени  мостовите на делница од Демир Капија до Гевгелија, а во  третата, од крајот на 2013 до мај годинава,  на делницата Велес-Катланово.

„Овој Коридор е многу значаен за КФОР, претставува главна доставувачка клучка од пристаништето во Солун-Грција, низ Македонија се до граничниот премин со Косово. Задоволен сум од реализација на проектот и се надевам дека од сега реконструираните мостови  ќе бидат од полза и  на КФОР и на цивилниот сообраќај во вашата земја“, истакна на свеченоста по повод завршување на проектот Бригадниот генерал на КФОР Ференц Корум од Унгарските вооружени сили на НАТО.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik