Зелените градби ја чуваат животната средина, годишно заштедуваат до 30 проценти енергија и до 40 проценти вода. Македонија е на почетоците во изградбата на зелени објекти, кои изминатата деценија се светски тренд. Иднината на градежништвото, во светот и кај нас, е во употребата на енергетски ефикасни материјали. Околу 40 проценти од вкупната светска енергија се троши на греење и ладење на изградените објекти. За жал, во Македонија, најголемиот број граѓани живеат во ниско енергетско-ефикасни домови, а најчесто употребуваните системи за греење имаат ниска енергетска искористеност. Зелената градба претставува процес на проектирање, одржување, употреба и управување со средства врз основа на принципот на одржливост, а предвидува ефикасно користење на градежното земјиште, отстранување на градежен отпад и шут, рециклирање на материјали и слично.
Зелените градби ја чуваат животната средина, годишно заштедуваат до 30 проценти енергија и до 40 проценти вода. Македонија е на почетоците во изградбата на зелени објекти, кои изминатата деценија се светски тренд.
Иднината на градежништвото, во светот и кај нас, е во употребата на енергетски ефикасни материјали. Околу 40 проценти од вкупната светска енергија се троши на греење и ладење на изградените објекти. За жал, во Македонија, најголемиот број граѓани живеат во ниско енергетско-ефикасни домови, а најчесто употребуваните системи за греење имаат ниска енергетска искористеност.
Зелената градба претставува процес на проектирање, одржување, употреба и управување со средства врз основа на принципот на одржливост, а предвидува ефикасно користење на градежното земјиште, отстранување на градежен отпад и шут, рециклирање на материјали и слично. Исто така, се следи потрошувачката на вода, изборот и употребата на еколошки материјали, емисиите на стакленички гасови од зградата, користењето на обновливите извори на енергија и функционалноста на објектот во текот на животниот циклус.
Претседателот на Македонскиот совет за зелени градби, Сеад Кочан, посочи дека целта е да се отвори јавна дебата за делот на еколошките енергетски ефикасни градби и користењето на градежни материјали од природно потекло, кои влијаат на зачувување на животната средина.
„Македонскиот совет неодамна стана и член на Светскиот совет за зелени градби во кој има над 100 национални совети. Со тоа ќе добиеме можност да се стекнеме со нови знаења и усовршени техники во градежништвото кои поволно ќе влијаат врз животната околина“, рече Кочан.
Извршниот директор на ССК, Митко Алексов, истакна дека зелената градба е светски тренд кој се практикува во земјите од ЕУ и во светот.
„Станува збор за подигнување на свеста како на компаниите, така и на граѓаните дека ваквата градба придонесува за заштита на животната средина, но и за намалување на трошоците. Сметаме дека овој тренд ќе се имплементира и во Македонија“, рече Алексов.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, посочи дека покрај индустријата, енергетскиот сектор врши најголем притисок врз животната средина, бидејќи е главен создавач на употреба на фосилните горива, чии последици од загадувањето придонесуваат за локално и глобално загадување и нарушување на природниот режим на животната околина и здравјето на луѓето.
Темелковски укажа на важноста на создавање на здрави, одржливи простори во урбани средини, како резултат на економски здрава инвестиција, општествено одговорно управување усогласено со принципите на одржливиот развој. Тој наведе дека во градежништвото треба да се користат поквалитетни материјали, но и обучени кадри, што ќе работи во изградбата на енергетски ефикасни објекти. Дебатата за „Енергетска ефикасност во градежништвото - зелена градба“, ја организираше Сојузот на стопански комори, Македонскиот совет за зелена градба и Бизнис-центарот на Скопскиот плански регион.