Земјоделците очекуваат рекордни приноси од пченица

Bez autora
May 29 2016

Рекордни приноси на пченица од над 240.000 тони се очекуваат годинава од македонските ниви. Засеани се околу 80.000 хектари, што е за 10.000 повеќе од минатата година. Со тоа се очекува годинава Македонија сама да ги произведе 80 проценти од потребите за лебно жито. За разлика од тоа, досега од домашно производство на пченица се покриваше околу 60 проценти од пазарот, а остатокот е увоз, најмногу од Србија. Сите земјоделци, кои ќе засеат сертифицирани семиња ќе бидат поддржани со 12.000 денари по хектар субвенции, додека пак, од 2018 година производителите кои нема да користат одобрен семенски материјал нема воопшто да добиваат државна помош.

Земјоделците очекуваат рекордни приноси од пченицаРекордни приноси на пченица од над 240.000 тони се очекуваат годинава од македонските ниви. Засеани се околу 80.000 хектари, што е за 10.000 повеќе од минатата година. Со тоа се очекува годинава Македонија сама да ги произведе 80 проценти од потребите за лебно жито.

За разлика од тоа, досега од домашно производство на пченица се покриваше околу 60 проценти од пазарот, а остатокот е увоз, најмногу од Србија.

Сите земјоделци, кои ќе засеат сертифицирани семиња ќе бидат поддржани со 12.000 денари по хектар субвенции, додека пак, од 2018 година производителите кои нема да користат одобрен семенски материјал нема воопшто да добиваат државна помош.

Производителите на пченица сметаат дека годинава минималната откупна цена за килограм не смее да биде пониска од 11 денари, бидејќи производните трошоци изнесуваат 10,5 денари. Министерот за земјоделство Михаил Цветков вчера им вети дека доколку има потреба, ќе се активираат и механизмите на законот за земјоделство и рурален развој кои гарантираат покривање на производните трошоци.

Цветков вчера присуствуваше на манифестацијата „Ден на пченицата“, организирана од „Агроунија“, компанија за производство сертифициран семенски материјал за житни култури.

„Имајќи предвид дека пченицата е значајна култура за обезбедување сигурност во снабдувањето со основниот прехранбен производ на населението, остануваме на определбата финансиски да се поддржуваат производителите на житни култури кои употребуваат сертифицирани семиња. Годинава воведуваме и проект за поставување 6 агрометеоролошки станици во сите плански региони од кои земјоделците по СМС-пораки ќе добиваат информации за очекуваните временски услови со препораки за евентуално третирање со пестициди. Ако овој проект ги даде очекуваните резултати, следната година ќе се постават 30 вакви станици“, посочи Цветков.

Според првиот човек на земјоделската Асоцијација, Вељо Тантаров, годинава во Пелагонија се очекуваат приноси од 7 до 8 тони по хектар пченица, за разлика од македонскиот просек од 3 тони за еден хектар. Тантаров нагласи дека минималната откупна цена на пченицата не смее да се симне под 11 денари за килограм и побара да престане увозот на евтино брашно за да може да се откупи домашната пченица.

Директорот на „Агроунија“ и претседател на Агробизнис-комората на Сојузот на синдикати на Македонија, Огнен Оровчанец, вели дека користењето сертифициран материјал во производството на пченица обезбедува 30 проценти поголеми приноси, кои се повеќе заштитени од болести. Сепак и покрај тоа помалку од 30 проценти од засеаните површини кај нас се со одобрени семиња.

Тој најави нови сорти од кои три се со рекордни, досега незабележани приноси. Допрва ќе се сеат, а резултатите ќе бидат евидентни во следните десет години.

„Со селекција добивме над 1.000 линии, потенцијални нови сорти, од кои 100 се издвоени како најдобри, а три од овие 100 како врвни, со по 125 зрна во класот за разлика од стандардните кои имаат по најмногу 95 зрна. Тоа практично значи генетски потенцијал за принос од 18 тони на хектар во идеални услови, што е многу повеќе од актуелните кои даваат по околу 7.800 тони“, потенцира Оровчанец.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik