Земјоделците се "потепаа" за пари од ИПАРД за набавка на трактори

Bez autora
Jul 08 2014

Скоро 400 барања се пристигнати на деветтиот јавен повик за користење на средства од ИПАРД-програмата. Тракторите и понатаму имаат најголем интерес кај земјоделците. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на првиот јавен повик објавен годинава, кој заврши во април пристигнати се вкупно 393 барања за финансиска поддршка, од кои 347 барања за мерката 101, односно примарно земјоделско производство, 12 за мерката 103, односно за инвестиции за преработувачката индустрија, и 34 барања за мерката 302, односно за рурална диверзификација. Од Платежната агенција велат дека, повторно како и на претходните повици најголем интерес има за мерката 101 и тоа конкретно за набавка земјоделска механизација односно трактори. Вкупна вредност на инвестициите по поднесените барања е околу 15 милиони евра, а кофинансирана сума односно средства кои се бараат од ИПАРД-програмата половина од тоа или околу 7,5 милиони евра, објаснуваат од Платежната агенција. Според нив, барањата пристигнати на деветиот јавен повик се сеуште во обработка.

Земјоделците се "потепаа" за пари од ИПАРД за набавка на тракториСкоро 400 барања се пристигнати на деветтиот јавен повик за користење на средства од ИПАРД-програмата.

Тракторите и понатаму имаат најголем интерес кај земјоделците. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на првиот јавен повик објавен годинава, кој заврши во април пристигнати се вкупно 393 барања за финансиска поддршка, од кои 347 барања за мерката 101, односно примарно земјоделско производство, 12 за мерката 103, односно за инвестиции за преработувачката индустрија, и 34 барања за мерката 302, односно за рурална диверзификација.

Од Платежната агенција велат дека, повторно како и на претходните повици најголем интерес има за мерката 101 и тоа конкретно за набавка земјоделска механизација односно трактори.

- Вкупна вредност на инвестициите по поднесените барања е околу 15 милиони евра, а кофинансирана сума односно средства кои се бараат од ИПАРД-програмата половина од тоа или околу 7,5 милиони евра, објаснуваат од Платежната агенција. Според нив, барањата пристигнати на деветиот јавен повик се сеуште во обработка.

Последниот деветти јавен повик за користење на европските фондови за развој на аграрот беше објавен во февруари годинава и траеше до средината на април и е втор оглас со проширена програма, односно поголем опфат на инвестиции и поголем износ на средства, меѓу другото е втор оглас каде што и е приклучена и механизацијата, односно тракторите, во делот за кофинансирање од ИПАРД.

Според податоците на Платежната агенција од 2007 до 2013 година, односно за шест години заклучно со осмиот јавен повик за користење на европските фондови за развој на земјоделството потпишани се вкупно 350 договори со земјоделци и земјоделски претпријатија за реализација на инвестиции. Притоа за првата мерка 101, односно за инвестиции во примарно земјоделство се склучени најмногу договори или вкупно 292. Гледано по бројност на склучени договори од ИПАРД-програмата на второ место се инвестиции во преработувачката индустрија, со вкупно 45, по што следат инвестиции во рурален развој, каде што со се склучени 13 договори за 6 години откако на Македонија и се достапни европските фондови за инвестиции во земјоделството.

Гледано пак по вредност на инвестициите, според податоците на Платежната агенција, за реализација на досега потпишаните 350 договори ќе бидат инвестирани вкупно 19,8 милиони евра, од кои најголема вредност на реализирани инвестиции ќе има кај инвестиции во погони во преработувачката индустрија од вкупно 10,6 милиони евра, а второ место по вредност на инвестиции финансирани со европски пари се примарните производители каде според потпишаните договори предвидено е да бидат реализирани проекти во вредност од 7,4 милиони евра. Последно место, каде што има најмала раздвиженост за реализација на проекти и каде согласно склучените договори треба да се реализираат проекти во вредност од 1,7 милиони евра се инвестициите во рурален туризам.

Со оглед на тоа што, според Правилата на Европската унија, ИПАРД финансира само половина од инвестицијата, откако ќе биде целосно реализиран проектот за кој е склучен договорот со Платежната агенција, според податоците досега од европските пари се повлечени само 2,7 милиони евра, што е многу мала сума, со оглед на сумата што и е достапна на земјава. Според податоците на Платежната агенција, европски пари досега им биле исплатени на 120 земјоделски претпријатија за веќе реализирани проекти , од кои 96 се во примарното производство, а 24 се за преработувачката индустрија. За шест години, за реализација на овие проекти за шест години државата исплатила 906 илјади евра.

Финансиските средства од ИПАРД-програмата кои и се достапни на македонските земјоделци се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, како и диверзификација и развој на руралните економски активности.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik