Земјоделските субвенции ќе може да се исплаќаат

Bez autora
May 17 2017

Субвенциите за земјоделците ќе може да се исплаќаат. Повеќе нема да има законска пречка. Уставниот суд на денешната седница донесе конечна одлука за укинување на спорените одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, со што треба да се дозволи исплата на земјоделските субвенции. Одлуката на Судот ќе важи од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија. По официјално објавување на оваа одлука на Уставниот суд, од Министерството најавуваат дека ќе нема законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите. Минатата недела Уставниот суд донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада. Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здржение "Агротиквешија" со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.

Земјоделските субвенции ќе може да се исплаќаатСубвенциите за земјоделците ќе може да се исплаќаат. Повеќе нема да има законска пречка. Уставниот суд на денешната седница донесе конечна одлука за укинување на спорените одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, со што треба да се дозволи исплата на земјоделските субвенции. Одлуката на Судот ќе важи од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија.

По официјално објавување на оваа одлука на Уставниот суд, од Министерството најавуваат дека ќе нема законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.

Минатата недела Уставниот суд донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада. Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здржение "Агротиквешија" со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.

И покрај времената мерка,согласно деловникот на Уставниот суд, Министерството за финансии се уште немаше законско право да ги исплаќа субвенциите до носење на конечна одлука од страна на Судот.

Од Министерството за финансии информираа дека по извршена консултација со Уставен суд им било посочено дека само по основ на решение немаат законска основа да ги исплаќаат субвенциите, туку мора да се почека конечната одлука.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik