Земјоделството се' повеќе се осигурува

Bez autora
Feb 23 2016

Во 2015 бруто-полисираната премија била за 60 отсто повисока во однос на 2014 година. Зголемен е интересот за земјоделско и животно осигурување. За разлика од првичните четири, сега функционираат седум осигурителни друштва, а во 2015 година бруто полисираната премија била за 60 отсто повисока во однос на 2014 година. Минатата година е забележан пораст и на животното осигурување и тоа за 23 отсто. Ова беше истакнато на прес-конференција во Стопанската комора, каде што беше речено дека еден од клучните проблеми и натаму е недостигот на комплетна документација што земјоделците мора да ја поседуваат кога станува збор за осигурувањето. Поради тоа и брокерите не се активни на терен.

Земјоделството се' повеќе се осигуруваВо 2015 бруто-полисираната премија била за 60 отсто повисока во однос на 2014 година. Зголемен е интересот за земјоделско и животно осигурување.

За разлика од првичните четири, сега функционираат седум осигурителни друштва, а во 2015 година бруто полисираната премија била за 60 отсто повисока во однос на 2014 година.

Минатата година е забележан пораст и на животното осигурување и тоа за 23 отсто. Ова беше истакнато на прес-конференција во Стопанската комора, каде што беше речено дека еден од клучните проблеми и натаму е недостигот на комплетна документација што земјоделците мора да ја поседуваат кога станува збор за осигурувањето. Поради тоа и брокерите не се активни на терен.

„Наидовме на проблем со документацијата што треба да ни ја достават земјоделските осигуреници околу сопственоста на површините со кои располагаат и какви култури се засеани. Се покажа дека податоците не кореспондираат и ние не можеме да преземеме таква одговорност да влегуваме во ризици“, истакна Златко Михајловски од Асоцијацијата на брокерски друштва при Комората.

Според Климе Поповски од Агенцијата за супервизија на осигурување информираноста на граѓаните за осигурителните производи се' уште не е на потребното ниво.

„Очекуваме осигурително-брокерските друштва (ОБД) да бидат поактивни во едукација на населението со цел поголема транспарентност и фер информирање за цените на понудите кои најчесто се многу комплексни, поради што и се тешко разбирливи, да бидат поприсутни во сервисирањето на штетите, како и да го зголемат своето учество во посредувањето преку креирање веб-портали кои ќе им го олеснат на потенцијалните клиенти избирањето на осигурителен продукт“, нагласи Поповски.

Тој укажа дека ако некој осигуреник не е задоволен од исплатата на штетите, може да се обрати до Агенцијата за супервизија. „Ако доставената документација е комплетна, секоја пријавена штета треба да е ликвидирана за 14 дена“, истакна Поповски, додавајќи дека многу често осигурениците не си ги знаат обврските.

Лани, до Агенцијата се доставени над 100 претставки од кои повеќето се решени во корист на осигурениците.

Во 2015 година во Македонија се евидентирани 31 ОБД за разлика од 2013 кога биле 26, додека бројот на лиценцирани брокери од 334 во 2013-та е зголемен на 440 во 2015.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik