Жената е најупорен и најуспешен лидер

Bez autora
Feb 19 2017

Во Македонија вчера започна Глобалниот самит на жени лидери на кој учествуваат над 300 жени од пет континенти и околу 40 панелисти кои ќе ги споделат своите искуства за тоа како да се биде жена лидер. На патот кон подобрување на севкупното живеење, жената е најчестиот, најупорниот и најуспешниот лидер. Таа е присутна во бизнисот, во уметноста, во културата, социјалата, здравството, дипломатијата, новинарството, администрацијата... Она што го прави посебно нејзиното присуство и ја издвојува е нејзиниот пристап, емотивност, префинетост, интуиција, одлучност и иницијативност, нагласи сопругата на претседателот на Ѓорге Иванов, Маја Иванова, која е покровител на настанот. Според претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска, жените на пазарот на трудот се активни насекаде и во последните 20-ина години се надминува јазот во родовата еднаквост. Во споредба со регионот, Македонија добро котира во однос на родовата еднаквост. Но, се' уште жените не успеваат да стигнат до клучните позиции во општеството, истакна Арсовска.

Жената е најупорен и најуспешен лидерВо Македонија вчера започна Глобалниот самит на жени лидери на кој учествуваат над 300 жени од пет континенти и околу 40 панелисти кои ќе ги споделат своите искуства за тоа како да се биде жена лидер.

„На патот кон подобрување на севкупното живеење, жената е најчестиот, најупорниот и најуспешниот лидер. Таа е присутна во бизнисот, во уметноста, во културата, социјалата, здравството, дипломатијата, новинарството, администрацијата... Она што го прави посебно нејзиното присуство и ја издвојува е нејзиниот пристап, емотивност, префинетост, интуиција, одлучност и иницијативност“, нагласи сопругата на претседателот на Ѓорге Иванов, Маја Иванова, која е покровител на настанот.

Според претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска, жените на пазарот на трудот се активни насекаде и во последните 20-ина години се надминува јазот во родовата еднаквост.

„Во споредба со регионот, Македонија добро котира во однос на родовата еднаквост. Но, се' уште жените не успеваат да стигнат до клучните позиции во општеството“, истакна Арсовска.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска- Томовска оцени дека застапеноста на жената во политиката не е на задоволително ниво и дека треба да се поработи на тоа поле.

И за претседателката на Здружението на бизнис-жени на Македонија, Валентина Дисоска, мал е бројот на жени на менаџерски позиции и на тоа треба во иднина да се посвети внимание.

„Жените најчесто работат во секторот услуги или она што го знаат. Но, малку инвестираат средства за да развијат сопствен бизнис“, рече Дисоска, според која потребна е едукација за да се градат лидерските вештини на жените.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik