Жените можат да бидат претприемачи и да водат бизнис

Bez autora
Dec 29 2016

Жените во Македонија имаат претприемачки дух и сакаат да започнат сопствен бизнис, но сепак, потребно е повеќе да се работи на зајакнување на претприемаштвото кај женската популација. Според бизнис-секторот и надлежните институции, голем процент од жените се вклучени во активните мерки за вработување, а од Здружението на бизнис-жени оценуваат дека треба и понатаму да се работи на економското јакнење на жената, бидејќи таа поретко влегува во подобро платените бизниси и се' уште има родов дисбаланс. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека процентот на жени со сопствен бизнис изнесува над 35,8 проценти. Тој може да биде повисок. Но, тргнувајќи од фактот дека пред 2007 година жените немале можност да бидат поддржани со мерки за отворање бизнис, има напредок и од година во година процентот се зголемува, изјави Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување во Скопје, на вчерашната прес-конференција на Сојузот на стопански комори на тема: „Со активни мерки до поддршка на жените во приватниот сектор“.

Жените можат да бидат претприемачи и да водат бизнисЖените во Македонија имаат претприемачки дух и сакаат да започнат сопствен бизнис, но сепак, потребно е повеќе да се работи на зајакнување на претприемаштвото кај женската популација. Според бизнис-секторот и надлежните институции, голем процент од жените се вклучени во активните мерки за вработување, а од Здружението на бизнис-жени оценуваат дека треба и понатаму да се работи на економското јакнење на жената, бидејќи таа поретко влегува во подобро платените бизниси и се' уште има родов дисбаланс.

„Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека процентот на жени со сопствен бизнис изнесува над 35,8 проценти. Тој може да биде повисок. Но, тргнувајќи од фактот дека пред 2007 година жените немале можност да бидат поддржани со мерки за отворање бизнис, има напредок и од година во година процентот се зголемува“, изјави Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување во Скопје, на вчерашната прес-конференција на Сојузот на стопански комори на тема: „Со активни мерки до поддршка на жените во приватниот сектор“.

Според Валентина Дисоска, претседателката на Здружението на бизнис-жени, мора да се работи на економското јакнење на жената преку зајакнување на претприемаштвото. Неформалните истражувања, како што посочи таа, покажуваат дека вкупниот број на жени кои се на раководни позиции изнесува околу 12 проценти, додека во приватниот сектор шест проценти од жените се менаџерки.

Најмногу вработени жени, според Агенцијата за вработување, има во секторот осигурување и финансии, а следуваат здравството и социјалата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik