Зголемен интерес за инвестициски кредити

Bez autora
Dec 15 2010

Компаниите на крајот на годинава почнале да доставуваат барања и за кредити за инвестирање, а не само за краткорочни за ликвидност што беше особено изразено на почетокот. Тоа е позитивен сигнал за обемот на кредитирање во следната година, смета раководството на Прокредит банка кое во 2011 г. очекува пораст на кредитното портфолио за 15 проценти. Очекувањата се темелат на стабилизирањето на глобалните економски текови и макроекономските движења во земјава, проследени со олабавување на монетарната политика, намалувањето на неизвесноста кај економските субјекти и стабилниот раст на депозитната база. Јована Јолевска - Поповска, генерален директор на Прокредит банка, не очекува 2011 година да биде иста економска активност како во 2007 и 2008 година, но смета дека во секој случај ќе има попозитивни тенденции и поголема активност отколку годинава. Интересот за кредити за инвестирање е поткрепен и од кредитната линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка поради поволните услови, особено откако каматната стапка беше фиксирана на 5,5 проценти.

Зголемен интерес за инвестициски кредитиКомпаниите на крајот на годинава почнале да доставуваат барања и за кредити за инвестирање, а не само за краткорочни за ликвидност што беше особено изразено на почетокот.

Тоа е позитивен сигнал за обемот на кредитирање во следната година, смета раководството на Прокредит банка кое во 2011 г. очекува пораст на кредитното портфолио за 15 проценти. Очекувањата се темелат на стабилизирањето на глобалните економски текови и макроекономските движења во земјава, проследени со олабавување на монетарната политика, намалувањето на неизвесноста кај економските субјекти и стабилниот раст на депозитната база.

Јована Јолевска - Поповска, генерален директор на Прокредит банка, не очекува 2011 година да биде иста економска активност како во 2007 и 2008 година, но смета дека во секој случај ќе има попозитивни тенденции и поголема активност отколку годинава.

- Интересот за кредити за инвестирање е поткрепен и од кредитната линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка поради поволните услови, особено откако каматната стапка беше фиксирана на 5,5 проценти - посочи Јолевска - Поповска.

Прокредит банка досега исплатила 4,5 милиони евра од линијата на ЕИБ, при што поддржала 30 проекти.

- Веќе се одобрени уште 38 проекти што треба да се повлечат во наредните транши, во износ од шест милиони евра - вели Јолевска - Поповска.

Таа смета дека секогаш има простор за намалување на каматните стапки, а тоа, како што вели, не е резултат само на монетарната политика.

- Точно е дека задолжителната резерва влијае, и доколку тука има ослободување, тоа ќе влијае за натамошно ослободување на каматните стапки. Но, верувам дека и поголемата кредитна активност меѓу банките на пазарот, исто така, доведува до намалување на каматните стапки - нагласи таа и очекува да продолжи трендот на лошите пласмани поради тоа што токму годинава се почувствуваа негативните последици во бизинисот од економската криза, но, има начини за надминување на тие ситуации.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik