Светската економска криза полека заминува, а стопанството забрзано закрепнува. Доказ за ваквите позитивни текови во светската економија е и зголемената побарувачка на челик. Ова се дел од оценките на македонскиот премиер Никола Груевски кои деновиве ги искажа во јавноста, истовремено нагласувајќи дека зголемувањето на побарувачката на челикот ќе достигне околу 13 отсто. Со оглед на тоа дека Македонија е производител на челик јасно е дека нашите компании кои се големи извозници и големи вработувачи ќе имаат зголемена побарувачка, што е уште еден показател дека светската економска криза полека заминува и дека имаме закрепнување на стопанството. Премиерот смета дека ваквата зголемена побраувачка во овие компании што се производители на челик ќе доведе до потреба за зголемен број вработувања, но и до поголеми извози и профити што за целата земја генерално ќе биде добро.
Светската економска криза полека заминува, а стопанството забрзано закрепнува. Доказ за ваквите позитивни текови во светската економија е и зголемената побарувачка на челик.
Ова се дел од оценките на македонскиот премиер Никола Груевски кои деновиве ги искажа во јавноста, истовремено нагласувајќи дека зголемувањето на побарувачката на челикот ќе достигне околу 13 отсто.
- Со оглед на тоа дека Македонија е производител на челик јасно е дека нашите компании кои се големи извозници и големи вработувачи ќе имаат зголемена побарувачка, што е уште еден показател дека светската економска криза полека заминува и дека имаме закрепнување на стопанството - кажа Груевски.
Премиерот смета дека ваквата зголемена побраувачка во овие компании што се производители на челик ќе доведе до потреба за зголемен број вработувања, но и до поголеми извози и профити што за целата земја генерално ќе биде добро.
- Тоа е уште еден од сигналите за заминувањто на светската економска криза и постепеното заздравување на глобалната економија, а со тоа и економијата во Република Македонија - појаснува Груевски.
Премиерот потсети дека Владата има слух да ги субвенционира домашните компании и со тоа да им помогне да станат поконкурентни на пазарот.
- Владата воведе најнизок можен данок за компаниите. Тоа е 10 отсто рамен данок, данок на добивка и персонален данок на доход и дополнително им овозможи доколку не ја распределат добивката во дивиденда, што можам да кажам дека повеќе од 90 отсто тоа и го прават, да не мора да платат данок на добивка, а тоа значи дека целокупната добивка ја задржуваат за себе - објаснува Груевски.
Премиерот ветува дека во иднина ќе се трудат да им овозможат и други можности на компаниите, а тоа, пак, и наскоро ќе го презентираат во новата програма што ќе биде објавена.