Зголемени буџетските расходи во февруари

Bez autora
Mar 27 2016

Приходите во вториот месец се речиси исти со јануари, но затоа поголем раст има кај буџетските расходи. Вкупните буџетски приходи во февруари годинава останале речиси идентични со нивната сума во јануари, но затоа пораснале буџетските расходи, што довело до пораст на буџетскиот дефицит. Ова го покажуваат најновите податоци на секторот за трезор на Министерството за финансии, кои вчера овој ресор ги објави на својата веб-страница. Ако се набљудува само приходната страна, може да се забележи дека во февруари вкупните приходи изнесувале 210,16 милиони евра, што е незначително повеќе од 210,13 милиони евра, колку што пари се собрале во буџетот во јануари.

Зголемени буџетските расходи во февруариПриходите во вториот месец се речиси исти со јануари, но затоа поголем раст има кај буџетските расходи.

Вкупните буџетски приходи во февруари годинава останале речиси идентични со нивната сума во јануари, но затоа пораснале буџетските расходи, што довело до пораст на буџетскиот дефицит.

Ова го покажуваат најновите податоци на секторот за трезор на Министерството за финансии, кои вчера овој ресор ги објави на својата веб-страница.

Ако се набљудува само приходната страна, може да се забележи дека во февруари вкупните приходи изнесувале 210,16 милиони евра, што е незначително повеќе од 210,13 милиони евра, колку што пари се собрале во буџетот во јануари. Даноците во февруари се послаби од јануарските, но затоа во вториот месец пораснале неданочните приходи.

Најголемиот полнач на државната каса, данокот на додадена вредност, во февруари донел приход од 58 милиони евра, за 10 милиони евра помалку во однос на јануари.

Но, затоа повеќе приходи се собрале од персоналниот данок на доход, односно 18 милиони евра, наспроти 15 во јануари, како и од данокот на добивка, од кој во февруари биле инкасирани над 11 милиони евра, наспроти 8 милиони во јануари.

Акцизите се задржале на речиси идентично ниво од нешто повеќе од 23 милиони евра. Неданочните приходи во февруари обезбедиле 18 милиони евра.

Во февруари се направени вкупни расходи од 255 милиони евра, што е за 17 милиони евра повеќе од 238 милиони во јануари, што придонело за минусот во државната каса од 45 милиони евра.

Заедно со јануарскиот дефицит, пак, буџетскиот минус е 72,5 милиони евра, или за два месеца е направен 23,5 отсто од вкупниот буџетски дефицит што е планиран за цела година, а кој треба да изнесува 308,7 милиони евра.

На страната на расходите, пораст има кај трошоците за стоки и услуги, за кои во февруари се потрошиле 22,6 милиони евра, наспроти 18,4 милиони евра во јануари.

Голем пораст има кај трансферите од буџетот до фондовите, Агенцијата за вработување и за социјални надоместоци, така што тие во февруари изнесуваат 180 милиони евра, за 21 милиони евра повеќе од претходниот месец.

Капиталните трошоци, односно инвестициите во јавната инфраструктура, изнесувале 14,5 милиони евра во февруари, по 13,9 милиони евра во првиот месец.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik