Зголемените плати во јавниот сектор ќе бидат исплатени навремено

Bez autora
Oct 03 2019

Платите во јавниот сектор ќе се исплатат навремено и во рамки на законскиот рок, повисоки за 5 проценти, како што беше ветено, соопштија од Владата. Септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти ќе се исплати во законски предвидениот рок. Зголемена плата за 5 проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор. Зголемувањето на платите е предвидено со иницијалниот буџет за 2019 година, а законот што го овозможува тоа по скратена постапка се очекува да помине во Собрание во текот на следниве денови, се наведува во соопштението.

Зголемените плати во јавниот сектор ќе бидат исплатени навременоПлатите во јавниот сектор ќе се исплатат навремено и во рамки на законскиот рок, повисоки за 5 проценти, како што беше ветено, соопштија од Владата.

„Септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти ќе се исплати во законски предвидениот рок. Зголемена плата за 5 проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор. Зголемувањето на платите е предвидено со иницијалниот буџет за 2019 година, а законот што го овозможува тоа по скратена постапка се очекува да помине во Собрание во текот на следниве денови“, се наведува во соопштението.

Од Владата велат дека ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.

Во насока на зголемување на платите, додаваат од таму, е и мерката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, за која со ребалансот на буџетот за 2019 година се обезбедени 400 милиони денари.

Од Владата појаснуваат дека целта на оваа мерка е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените до 100 евра.

Според Владата, зголемувањето на платите на администрацијата, како и мерката што е насочена за зголемување на платите во приватниот сектор ќе го подобри животниот стандард на граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik