ЗК „Пелагонија“ инвестира во најсовремена земјоделска механизација. Од комбинатот велат дека инвестицискиот тренд продолжува од претходните години, посебно од крајот на минатата година кога во Македонија беа купени најголемите ЈД трактори од 570 коњски сили и 380 коњски сили во вкупна вредност од 1,3 милиони евра опремени со арија менаџмент-систем за сателитско наведување и управување без волан. Оваа година ЗК „Пелагонија“ инвестираше 1,5 милион евра во силажен комбајн, современа косачка, систем за наводнување и тракторски приколки со голем капацитет за пренос на силажа и зрнести култури. Со оваа инвестиција се овозможува за многу пократок временски период да се заврши жетвата и да се транспортира производот до складишните капацитети.
ЗК „Пелагонија“ инвестира во најсовремена земјоделска механизација. Од комбинатот велат дека инвестицискиот тренд продолжува од претходните години, посебно од крајот на минатата година кога во Македонија беа купени најголемите ЈД трактори од 570 коњски сили и 380 коњски сили во вкупна вредност од 1,3 милиони евра опремени со арија менаџмент-систем за сателитско наведување и управување без волан.
Оваа година ЗК „Пелагонија“ инвестираше 1,5 милион евра во силажен комбајн, современа косачка, систем за наводнување и тракторски приколки со голем капацитет за пренос на силажа и зрнести култури.
„Со оваа инвестиција се овозможува за многу пократок временски период да се заврши жетвата и да се транспортира производот до складишните капацитети. Времето во земјоделството е од пресудно значење од причина што временските прилики се променливи и треба да се искористи секој момент со цел да се собере родот во најкраток период кога тој е во полна зрелост.
Силажата е култура која се силира наесен и кога временските услови се важен фактор кој влијае на приносот и квалитетот на жетвата. Поучени од искуството во минатиот период, влажната почва и врнежливото време, оваа година ЗК ’Пелагонија’ набави комбајн со гасеничен систем за движење, кој овозможува непречено движење на комбајнот во услови на зголемена влага на почвата“, вели Цветан Панделески, еден од доминантните акционери во ЗК „Пелагонија“.
Инаку, ова е трет комбајн по ред кој ЗК „Пелагонија“ го набавува во последниве три години. Капацитетот на машината е 100 хектари на ден, со што се овозможува, благодарејќи и на постојните два големи комбајна, за многу пократко време да се реализира силирањето на пченката, која оваа година во комбинатот е засеана на површина од 4.000 хектари. Силажниот комбајн е производство на најголемиот светски производител на силажни комбајни „Кроне“ од Германија.
На годинашниот новосадски саем беше презентиран купениот силажен комбајн и сите посетители имаа можност да го видат. За првпат по 50 години, сопственикот на „Кроне“, Бернард Кроне, беше присутен на саемот на штандот на „ИТН груп“, генералниот увозник и дистрибутер за овој регион.
На средбата со Панделески, Кроне истакна дека е задоволен што неговиот комбајн стана сопственост на најголемиот земјоделски комбинат на Балканот. Тој беше презадоволен што ЗК „Пелагонија“ ги поседува двата најголеми силажни комбајни „кроне“ во регионов, што е и потврда за квалитетот на неговиот производ.
„ЗК ’Пелагонија‘ постојано инвестира во нова современа механизација со цел да ги задоволи зголемените потреби од храна на светско ниво“, истакна Панделески. „Во следниве 80 години се очекува потребата за храна да биде во количина колку што севкупно досега е произведена до 2016 год. Ова, пред се', поради зголемениот наталитет и бројност на населението во светски рамки, а и поради постојаното намалување на обработливите земјоделски површини, што ја наметнува потребата од попродуктивни машини“, изјави Кроне.