„Злетовица“ во потрага по 60 милиони евра

Bez autora
Apr 19 2011

Надлежните од Јавното претпријатие хидросистем „Злетовица“ распишаа меѓународен јавен повик за консултант, а паралелно преговараат за кредит од меѓународните финансиски институции од 60 милиони евра. Со ова почнаа активностите за подготовка на техничка документација за изградба на системот за наводнување на 4.100 хектари земјиште и изградба на неколку хидроцентрали предвидени со втората и со третата фаза од повеќенаменскиот ХС „Злетовица“. Јавниот повик е објавен во еден од западноевропските весници, во кој се објавуваат вакви слични огласи. Од „Злетовица“ најавуваат дека тендерот со објавената содржина деновиве ќе биде огласен и во некој од македонските национални печатени медиуми. Станува збор за меѓународен јавен повик, на кој се очекува да се јават компании што го имаат потребниот бонитет и искуство на ова поле.

„Злетовица“ во потрага по 60 милиони евраНадлежните од Јавното претпријатие хидросистем „Злетовица“ распишаа меѓународен јавен повик за консултант, а паралелно преговараат за кредит од меѓународните финансиски институции од 60 милиони евра.

Со ова почнаа активностите за подготовка на техничка документација за изградба на системот за наводнување на 4.100 хектари земјиште и изградба на неколку хидроцентрали предвидени со втората и со третата фаза од повеќенаменскиот ХС „Злетовица“.

Јавниот повик е објавен во еден од западноевропските весници, во кој се објавуваат вакви слични огласи. Од „Злетовица“ најавуваат дека тендерот со објавената содржина деновиве ќе биде огласен и во некој од македонските национални печатени медиуми. Станува збор за меѓународен јавен повик, на кој се очекува да се јават компании што го имаат потребниот бонитет и искуство на ова поле.

Паралелна изградба

- Во наш интерес е да се избере квалитетен консултант кој ќе ја води работата рационално и квалитетно. Со веќе отпочнатата тендерска постапка работите за втората и за третата фаза ќе се одвиваат паралелно, со иста динамика и цел, со што ќе може да се очекува и истовремено завршување на предвидените објекти - изјавија надлежните од Јавното претпријатие ХС „Злетовица“.

Парите за распишаниот тендер се добиени преку грант во висина од 1 милион евра, одобрен од Европската инвестициска банка.

Паралелно со тендерската постапка за избор на главен консултант течат и преговорите за обезбедување поволен кредит за отпочнување и на градежните работи за двата фазни система.

Заинтересирани шпански фирми

Според пресметките за завршување на двете преостанати фази на „Злетовица“, системот за наводнување на 4.100 хектари и изградба на предвидените проточни хидроцентрали, ќе бидат потребни околу 60 милиони евра.

- Изминативе денови интерес за учество на тендерот за избор на консултант покажаа две компании од Шпанија, но постои најава од уште неколку реномирани европски компании. Првата фаза од тендерската постапка се очекува да заврши до 5 јуни - изјави Стојан Миланов, директор на „Злетовица“.

Преостанатите фази најпрофитабилни

- Заинтересираност за одобрување кредит има од ЕИБ, но засега постои воздржаност од каков било одговор. Официјалните одговори ќе произлезат по изготвената физибилити-студија и анализите за економската оправданост за изградба на двете преостанати фази, за кои нема сомнение дека ќе бидат и најпрофитабилни - велат во Јавното претпријатие на хидросистемот во Пробиштип.

Оттаму потенцираат дека само со завршување на овие две фази може да се очекува добро економско работење и на самото јавно претпријатие, а со тоа и да се обезбедат пари за да се врати јапонскиот кредит.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik